Слетување на комета

Your browser doesn’t support HTML5

Слетување на комета

Историска мисија на Европската вселенска агенција

Сондата Филаи на Европската вселенска агенција се одвои од леталото Розета и е на пат да се приземји на кометата 67П/Чуримов-Герасименко. Настанот, што Агенцијата го пренесува во живо, претставува прв обид за слетување на површината на една комета во историјата на вселенски летови.

Розета уште од август годинава орбитира околу кометатата којашто се наоѓа на шест милијарди километри од Земјата. Беа потребни десет години Розета по лансирањето да допре до кометата.

Доколку слетувањето мине без проблеми, научниците се надеваат дека сондата ќе обезбеди податоци што може да дадат нови сознанија за настанокот на Сончевиот систем.