Европската вселенска агенција го лансираше леталото Розета вредно 1,7 милијарда долари кое влезе во орбитата 100 километри над површината на кометата 67П/Чуримов-Герасименко рано утрото во среда, на растојание од над 400 милиони километри од Земјата.
Научниците се надеваат дека Розета – именувана по каменот што помогнал да се одгонетне хиероглифскиот јазик на античките Египќани – ќе донесе повеќе докази за замрзнатите и камени остатоци од креацијата на сончевиот систем.
Розета ќе ја следи Кометата 67П во текот на следната година и ќе ја набљудува додека се приближува кон сонцето. Главниот дел на мисијата ќе дојде во ноември кога Розета ќе ослободи мала сонда што ќе пристане на Кометата 67П- прво воопшто вселенско возило што постигнало такво нешто.
Научниците веруваат дека кометата го содржи почетокот на животот на Земјата, давајќи вода и други клучни компоненти пред да се удри на површината на планетата.
Розета патувала над шест милијарди километри откако била лансирана од земјата во март 2004.