Латвија поставува бетонски конструкции како дел од балтичката одбранбена линија долж границата со Русија и Белорусија. Латвискиот министер за одбрана Андрис Спрудс, вели дека балтичките земји напредуваат во однос на јануарскиот договор за зајакнување на источното крило на НАТО среде руската агресија.
„Веќе неколку години бевме под некаква хибридна офанзива во однос на кампањи за дезинформации, злоупотреба на илегалната имиграција, сајбернапади, инциденти против критичната инфраструктура. Ова, повторно, е еден од примерите дека ние ја правиме нашата домашна задача за да ги одвратиме земјите-агресори од штетни намери и, се разбира, исто така, ја извршуваме нашата домашна задача дека заедно со нашите сојузници во НАТО ќе ја зајакнеме нашата одбрана“, вели Андрис Спрудс Министер за одбрана на Латвија.
Спрудс вели дека руската инвазија на Украина ги поттикнала Латвија, Литванија, Естонија и Полска, да ги зајакнат својата одбрана и границите.
„Она што се случи во Украина донесе дополнителни искуство и решителност да се направи тоа што е можно побрзо. Значи, сфаќаме колку е важно да се бранат државите и територијата на НАТО, секоја педа територија. Значи, токму тоа го правиме“, додава Спрудс.
Границата на Латвија со Русија и Белорусија се протега околу 450 километри.
„Како дел од целосната одбрана, ние мора да бидеме одговорни за нашиот дел. Сигурно се потпираме на НАТО и мораме да си ја завршиме домашната задача. Ова е наша домашна задача“, посочува Полковник Андрис Риекстс од Национални вооружени сили на Латвија.
Латвиското министерство за одбрана соопшти дека земјата планира да инвестира повеќе од 300 милиони долари во следните пет години за зајакнување на границата.
„Оваа година ќе го исполниме прагот од 3 отсто за трошоци за одбрана. Ние сме меѓу шесте земји кои го исполнуваат, да речеме, тој праг“, додава Спрудс.
Спрудс се надева дека другите сојузници ќе се засилат за да инвестираат најмалку 2 отсто од своето економско производство во одбраната на НАТО, насоки поставени од Алијансата.
„Гледаме дека кога започна војната, околу осум, девет земји го исполнија прагот од 2%. Сега гледаме повеќе од 20 земји. Да, се разбира, ние силно се залагаме и ги мотивираме нашите партнери, нашите сојузници, да инвестираат, бидејќи на самиот крај се работи за едно НАТО. Се работи за одговорност, ефикасност и сила на нашето НАТО“, истакнува Спрудс.
Земјите од фронтот од источниот дел на НАТО и ЕУ, исто така, побараа Европската Унија да обезбеди финансиска поддршка за изградба на одбранбена линија долж границата на ЕУ со Русија и Белорусија, што според некои проценки може да чини над 2,5 милијарди долари.