„Овој момент откри нешто во што почнувавме да се сомневаме – дека ЕУ има срце, ние сведочиме на тоа. Можеби тоа срце може да биде поголемо, но фактот дека го има е нешто што олеснува.“, изјави Рама
Оваа позитивна изјава за Унијата, несвојствена за него, Еди Рама ја даде откако Албанија, денеска, го отвори вториот преговарачки кластер – за надворешни работи. Со тоа на албанското ЕУ-конто, за два месеца, се собраа два отворени преговарачки кластера.
Сето ова следи откако Тирана официјално беше раздвоена од Скопје во пристапниот процес, одлука донесена откако земјава не ги спроведе уставните измени, обврска што ја презеде во 2022-та кога заедно со Албанија ги почна преговорите.
Денешниот чин, според новите шефови во ресорот проширување, не е само сигнал до Албанија, туку до целиот регион.
„Денешниот milestone праќа уште една силна порака до Албанија и до Западен Балкан дека прширувањето останува врвен приоритет на ЕУ.“, оцени Кос.
Рама, беше појасен од Кос за штетното влијание што билатерланите прашања поврзани со минатото, го имаат врз проширувањето, нешто со што е оптоварен и процесот на Северна Македонија.
„Ние сме цврсти во убедувањето – да се гледа на минатото со очите на иднината, а не да се прави спротивното, нешто што беше толку штетно за нашиот регион и што ги спречи нашите соседни земји во Западен Балкан да напредуваат онолку колку што можеа.“, изјави Рама.
Паралелно со раздвижувањето во процесот на пристапување, САД – стратешкиот партнер на земјава, повторуваат дека нивна цел е Македонија да ја видат како дел од ЕУ.
ТОНСКИ: АНЏЕЛА АГЕЛЕР (АМБАСАДОРКА НА САД) 01.50 „Ќе го кажам она што го кажавме претходно во Вашингтон и овде во Скопје, а исто така и мојот пријател во Софија, нашиот амбасадор Мартин таму, многу би сакале да ја видиме Северна Македонија во Европската Унија и се надеваме дека нивните дискусии ќе бидат успешни и плодни. Затоа што просперитетна, успешна, сигурна иднина на оваа земја е во рамките на Европската Унија. Таа е во срцето на Европа. И затоа таму припаѓа.“
Изјавата на американската амбасадорка е ден пред Самитот ЕУ-Западен Балкан на кој земјава ќе ја претставува делегација предводена од премиерот и на кој, според најавите, нема да се зборува за конкретни чекори од пристапувањето, туку за прашања за Планот за раст, степенот на усогласеност со европската заедничка надворешна и безбедносна политика, влијанието на руската агресија врз Украина.