Американскиот магазин „Форбс" го именува мексиканскиот милијардер Карлос Слим за најбогат во светот, велејќи дека тој има богатство од 53.5 милијарди долари.
Телекомуникацискиот магнат го надмина основачот на „Мајкрософт", кој е на второ место на годинешнава листа со богатство проценето на 53 милијарди долари. Американскиот инвеститор Ворен Бафет е трет, со 47 милијарди.
Седумдесетгодишниот Слим е телекомуникациски магнат кој минатата година беше трет на оваа листа, со богатство од 35 милијарди долари во тоа време.
Инвестициите на Слим ги вклучуваат градежната и трговската индустрија. Минатата година тој купи акции во Компанијата Њујорк Тајмс.
Дрги милијардери на листата од 25 на „Форбс" се њујоршкиот градоначалник Блумберг, кој е рангиран 23-ти со 18 милијарди долари, и лица од Бразил, Индија, Франција, Германија, Хонг Конг, Саудиска Арабија, Шпанија и Шведска.