Евроинтеграцијата не треба не биде под притисок на билатерализација, односно закани со вето, вели Сиљановска - Давкова

Iако не сме членка на ЕУ ја делиме истата заедничка надворешна и безбедносна политика, вели претседателката Сиљановска - Давкова.

Македонската претседателка Гордана Сиљановска - Давкова на мартините на Генералното собрание на ОН во Њујорк во екслузивно интервју за Гласот на Америка на македонски говори за развојувањето на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, но и за предизвиците со кои се соочува земјата во денешниот свет на дезинформации и лажни вести.

Your browser doesn’t support HTML5

Ако регионално не се разбираме, не може да очекуваме да не разберат други, вели Сиљановска - Давкова за Гласот на Америка

Глас на Америка: Претседателке, ова е Ваше прво присуство на Генералното собрание на ОН откако ја презедовте функцијата. Настанот се случува во период на огромни глобални предизвици - војната во Украина, ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Сето ова има влијание и врз регионот на Западен Балкан кој, според одредени анализи и согледувања, се уште има потенцијал за нестабилност, но и е подложен на надворешни влијанија од трети страни. Има ли такви влијанија? Ѝ, кои се потенцијалните ризици за Северна Македонија?

Мислам дека ова е едно предупредување за ЕУ, во смисла, ако го остави толку долго Западниот Балкан, пред портата да чека, тогаш на таа порта може да тропнат и други актери, се разбира, непосакувани.
Гордана Сиљановска - Давкова, претседателка на Северна Македонија

Гордана Сиљановска-Давкова: Постојат, бидејќи таква е позицијата на регионот. Она што се случува далеку, еве во Газа или судирот меѓу Русија и Украина, секогаш има одраз врз подрачјата коишто на некој начин, се на границата или заради структурата, хетерогеноста, секогаш се соочуваат со истиве влијанија. Се разбира мојата позиција беше дека треба да се делува егзанте, а не пост фестум, значи, ние мора регионално подготвени да бидеме и да ги пречекаме овие предизвици. Во таа смисла, сите разговаравме од Западниот Балкан, така да подготвени сме за соочување со нив, и на некој начин можеме да биде отпорни на овие влијанија. Но, отпорот е најдобар кога е синхронизиран со ЕУ. Затоа, мојата поента беше дека иако не сме членка на ЕУ ја делиме истата заедничка надворешна и безбедносна политика. Мислам дека ова е едно предупредување за ЕУ, во смисла, ако го остави толку долго Западниот Балкан, пред портата да чека, тогаш на таа порта може да тропнат и други актери, се разбира, непосакувани. Кога велам непосакувани мислам на актери со кои не делиме исти вредности, принципи, не се повикуваме на исти стандарди, актери кои не се европски ориентирани.

Глас на Америка: Тука би ги издвоил и нагласеното руско влијание на Балканот, особено последните неколку години во Србија и Република Српска, но не е изолираната ниту Македонија и останатите земји. Како се справува Северна Македонија со дезинформациите и лажни вести кои пропагираат, туѓ наратив?

Отсекогаш сме биле дел од Европа – историски, културно, и географски.
Гордана Сиљановска - Давкова, претседателка на Северна Македонија

Гордана Сиљановска-Давкова: Како се справува, тоа вие новинарите најдобро го знаете. Не секогаш успешно. Веројатно, дезинформациите постојат. Но, мислам дека ние во соработката и во рамките на НАТО и со нашите стратешки партнери, и со ЕУ, користиме или мислиме дека користиме слични алатки. Она што е најважно е мислам во однесувањето на граѓаните. Мислам дека граѓаните се цврсто определени за европската ориентација, а тоа не е ниту случајно, таа е дел од нашиот код. Отсекогаш сме биле дел од Европа – историски, културно, и географски. Мислам дека заедно успеавме на некој начин да создадеме отпорност од тие влијанија. Ако ме прашате, да ги наведам тоа е тешко за мене, но знам дека имаме развиени механизми.

Глас на Америка: Го споменав регионот на Западен Балкан во претходното прашање. Оттука, што мислите за динамиката во процесот на пристапување кон ЕУ. Од приемот на Хрватска нема нови членки на Унијата. Каква порака со тоа се праќа кон регионот кој зачленувањето го гледа не само како перспектива, туку и како конечен чекор во стабилизацијата? Последно е што Македонија и Албанија се одвоени од патот кон ЕУ.

Се радувам за Албанија, што ќе има шанса пред нас, инаку, и таа беше условена со решавање на билатерален проблем. Значи исто така ние сме на некој начин закотвени заради билатералните проблеми и дилеми.
Гордана Сиљановска - Давкова, претседателка на Северна Македонија

Гордана Сиљановска-Давкова: ЕУ, после Самитот во Солун, како да нема стратегија за Западен Балкан. Некогаш се повикуваше на индивидуалното напредување, засновано на меритокатијата, друг пат беше дека регионот треба да се перципира како целина. Многу добро напоменавте дека по влезот на Хрватска, како да бевме оставени како периферија на периферијата. Но, има некои исчекори, тоа и овде можам да го почувствувам, односот кон Црна Гора кој што најнапред кон ЕУ, па ако сакате и односот кон Србија, па и односот кон нас, и Албанија. Но, еве уште еднаш потенцирам дека е многу важно да се оневозможи идентификување на евроинтеграцијата или запирање или оневозможување на интеграцијата, или како што јас ја нарекувам ре-интеграција, и ре-унификација. Она што го потенцирам, да не биде под притисок на билатерализацијата, односно, заканите со вето. Она што ме прашавте за Албанија, јас и на средбата со Борел споменав дека се радувам на чекорите на Црна Гора, затоа што тоа значи веќе поинаква политика, инклузувна политика кон Западниот Балкан. Ако зачекори Црна Гора, чекорите нема да запрат и ќе се отвори пат и за останатите. Се радувам за Албанија, што ќе има шанса пред нас, инаку, и таа беше условена со решавање на билатерален проблем. Значи исто така ние сме на некој начин закотвени заради билатералните проблеми и дилеми. Јас мислам ако сака ЕУ да се фокусира на европските стандарди, без кои нема европеизација, треба, како што сега прави да го преиспита овој инструмент, се разбира не може со еден потег на перото, да го отстрани ветото, но некако да се постигне согласност во разговори околу тоа дека ветото нема да се употребува за билатерални проблеми за прашања за историјата, културата, имиња, јазик, туку за прашања кои што не обединуваат, како копенхагенските критериуми.

Глас на Америка: Вашето патување за Софија, не по ваша вина, наместо со олабавување, резултираше со заострување на реториката меѓу двете земји. Ова секако не е патот кон добрососедство и нормализирање на односите кои се предуслов за продолжување на евроинтеграциите. Што може, или треба да се направи?

Треба да се обидеме да глумиме малце скандинавци, тоа постојано го повторувам, па да научиме од поведението на Шведска, Данска и Финска и односот кон Латвија, Летонија и Естонија.
Гордана Сиљановска - Давкова, претседателка на Северна Македонија

Гордана Сиљановска-Давкова: Што треба да се направи? Треба да седнеме со бугарскиот претседател, јас на маргините се сретнав со него, два пати. Застарената реторика не постои меѓу него и мене. Јас ги мерам зборовите. Од скандал не произлегла ниту една политика. Јас сакам да верувам дека не се работеше за намерен привид. Се работеше за случајна акција и реакција. Мислам дека судбина ни била да постигнеме решенија. Секој ден, и денеска и вчера го потенцирав дека ние мора да изградиме регионална стратегија. Мора да знаеме и веруваме дека ако регионално не се разбираме, не може да очекуваме да не разберат оние од другите региони. Можеби треба да се обидеме да глумиме малце скандинавци, тоа постојано го повторувам, па да научиме од поведението на Шведска, Данска и Финска кон Латвија, Летонија и Естонија, бидејќи тие не ги бранеа трите држави, туку регионот. Значи, нам, ни треба разбирање солидарност, стратегија. Тука најмногу можат да ни помогнат државите кои веќе се членки во ЕУ – Хрватска, Словенија, и нашите соседи Бугарија и Грција. Јас од нив, очекувам помош. Нашиот просперитет ќе биде и регионален просперитет и тогаш заканите за кои ме прашавме на почетокот, од надвор, ќе наидат на европски ѕид. Ќе наидат на отпор и нема да бидеме плодна почва за влијанија што не се демократски.