Македонските државјани во САД гласаат на вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија

Гласањето на Избирачкото место 5040 тече нормално.

Македонските државјани во САД денеска гласаaт на вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.

Од 07.00 до 19.00 часот го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на државата.

Гласањето на Избирачкото место 5040 тече нормално.

Your browser doesn’t support HTML5

Изјава на Никола Мадиќ од ДИК за гласањето во главниот град на САД

На ова избирачко место пријавени се 34 гласачи, изјави Никола Мадиќ, член на Избирачкиот одбор од ДИК на Избирачко место бр. 5040 во Вашингтон.

В среда за претседател на државата, граѓаните избираат меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова.

За 120 места во Собранието ќе се тркаат 17 коалиции и политички партии.

Мандатот за составување на идната влада ќе го добие оној кој ќе обезбеди мнозинство од барем 61 пратеник.

Во вториот круг од претседателските избори, исто како и во првиот изборен круг, право на глас имаат 1. 814. 317 избирачи.

Your browser doesn’t support HTML5

Гласање во Вашингтон за претседателските избори во Северна Македонија

На 11-те парламентарните избори, пак, кои ќе се одржат заедно со вториот круг од претседателските, своето право на глас ќе може да го остварат 1 033 избирачи повеќе, односно 1 .815. 350 избирачи.
Државна изборна комисија

На 11-те парламентарните избори, пак, кои ќе се одржат заедно со вториот круг од претседателските, своето право на глас ќе може да го остварат 1 033 избирачи повеќе, односно 1 .815. 350 избирачи.

Разликата во бројот на запишани избирачи во Избирачкиот список се должи на оние граѓани кои помеѓу првиот круг од претседателските и парламентарните избори наполниле 18 години.

На изборите има 1.755 кандидати, од кои 1.002 мажи и 753 жени.

Ова се редовни парламентарни избори што се спроведуваат истовремено со вториот круг од претседателските избори.

Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија.

Во Собранието на Северна Македонија се избираат од 120 до 123 пратеници, од кои 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што територијата на Републиката е поделена на шест изборни единици.

Во секоја се избираат по 20 пратеници, а тројца пратеници се избираат според пропорционалниот модел во една изборна единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија.

Гласање за парламентарните избори во дијаспората нема да се спроведе поради недоволен број пријавени.

Северна Македонија планира да потроши 800.000 евра за да им го овозможи избирачкото право на две и пол илјади иселеници.

Гласањето и за парламентарните и за вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија започнува во седум часот и трае до 19 часот.

Граѓаните во текот на утрешниот денот ќе можат само еднаш да дојдат на избирачкото место и да гласаат за двата вида избори или пак, само за претседателските, или само за парламентарните избори.

Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати.

Првичните резултати од изборите добиени по електронски пат, Државната изборна комисија (ДИК) ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.
Државна изборна комисија

Записниците и другиот изборен материјал, избирачкиот одбор ги доставува до ОИК во рок од пет часа по завршување на гласањето. По спроведените избори за пратеници, ОИК ги сумира резултатите од гласањето на листата на кандидати, составува записник и заедно со целокупниот изборен материјал го доставува до ДИК веднаш, а најдоцна до 12 часа од завршување на гласањето.

Првичните резултати од изборите добиени по електронски пат, Државната изборна комисија (ДИК) ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати, Државната изборна комисија ги објавува најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК - www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, X, Инстаграм како и каналот на Јутјуб, каде што ќе можат да најдат правовремени и точни информации поврзани со изборите.