Украина доби поттик за членство во ЕУ, но нема нова европска помош

Унгарскиот премиер Виктор Орбан стави вето на помошта.

Европската унија не успеа да се договори за пакет финансиска помош од 50 милијарди евра (54 милијарди американски долари) што на Украина очајно и треба за да остане во живот и за потребите на фронтот, иако блокот во четвртокот одлучи да ги отвори пристапните преговори со земјата разурната од војна.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан стави вето на помошта, нанесувајќи му уште еден тежок удар на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако не успеа оваа недела да ги убеди американските пратеници да одобрат дополнителни 61 милијарда долари за Украина, главно за купување оружје од САД.

Почетокот на пристапните преговори беше важен момент и зачудувачки пресврт за земјата во војна која се бореше да најде поддршка за нејзините аспирации за членство и долго време се соочуваше со тврдоглаво противење од Орбан.

Унгарскиот лидер одлучи да не стави вето на пристапните преговори, но потоа го блокираше пакетот помош.