Војната во Украина и помошта неопходна за Киев, кризата во Нагорно Карабах, искричењата меѓу Белград и Приштина поради сериозните тензии на северот на Косово, реформа на функционирањето на Европската Унија – во ваква констелација, во Гранада се одржува третиот состанок на Европската политичка заедница, форум на кој земјите од стариот континент, и оние во ЕУ и оние кои се надвор од неа, разговараат за клучните прашања и предизвиците со кои се соочува Европа. Меѓу темите е и проширувањето.
„Исто така ќе бидеме многу јасни и гласни за проширувањето.“, изјави Роберта Мецола, претседателка на ЕП.
Your browser doesn’t support HTML5
Ова е едно од главните прашања за Северна Македонија - премиерот смета дека земјата е во одлична ситуација во однос на проширувањето иако уставните измени, услов за продолжување на преговорите, се крајно неизвесни.
Мислам дека ние се наоѓаме во одлична ситуација со оглед на тоа што минатата година ги почнавме преговорите за членство, а од друга страна Унијата има отворено стратешки процес за свое прилагодување.Ковачевски, премиер на Северна Македонија
„Една од главните теми која е од најголемо значење за нас е и проширувањето на ЕУ. По долго време проширувањето се најде на европската агенда. Утре ќе биде одржан неформален состанок на Европскиот совет на кој ќе се разговара за прашања значајни за нас, а тоа е мирот и безбедноста на Европа, поддршката за Украина, но и проширувањето на ЕУ. Како што најави и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, пред повеќе од еден месец, во ЕУ веќе се води дебата за подготовката на Унијата за прием на нови членки, но и за процесите на пристапување кои самите членки ги имаат со ЕУ. Мислам дека ние се наоѓаме во одлична ситуација со оглед на тоа што минатата година ги почнавме преговорите за членство, а од друга страна Унијата има отворено стратешки процес за свое прилагодување за идно функционирање со поголем број на земји членки.“, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.
Западен Балкан чии земји претендираат да бидат во наредното проширување на Унијата, можно веќе во 2030, не прифаќаат каква било алтернатива за полноправно членство во ЕУ. Тоа, во негов стил, сликовите го опиша албанскиот премиер Рама.
„Нема нешто како членство од втора класа. Како што сме во оваа ситуација, да, има прва и втора класа Европа меѓу Европејците со `У` и Европејците без `У`, мислам на Унија.“, истакна Еди Рама, премиер на Албанија.
Но, во овој момент регионот е повеќе фокусиран на ситуацијата меѓу Србија и Косово. И Александар Вучиќ и Вјоса Османи се во Гранада, но шансите за средба се речиси никакви.
Нема причини за средба пред да се воведат санкции кон Александар Вучиќ.Османи, претседателка на Косово
„Нема причини за средба пред да се воведат санкции кон Александар Вучиќ. Прво санкции, па ќе зборуваме за другото... “, оцени Вјоса Османи, претседателка на Косово.
Овој самит минува во сенка на стравувањата дека сложената политичката ситуација во САД ќе има сериозен ефект врз американската помош за Украина.
„На Украина и треба поддршката на ЕУ, која е сигурна, и која ќе ја зголемиме, но и поддршката на САД. Се надевам, исто како и Украинците, а и сите кои не сакаат Путин да победи во оваа војна, е да се бараат начини за САД повторно да го преземат ова прашање и да ја продолжат поддршката за Украина.“, заклучи Жозеп Борел, виш претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.