Бајден ги уверува сојузниците во континуираната воена поддршка на Украина

Белата куќа соопшти дека Бајден разговарал со лидерите на Канада, Германија, Италија, Јапонија, Полска, Романија, Велика Британија и на Европската унија и НАТО, заедно со министерот за надворешни работи на Франција.

Русија во средата соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана уништила 31 украински беспилотно летало кои биле дел од обидите за напади на руска територија во текот на ноќта.

Руското Министерство за одбрана на Телеграм објави дека ги соборило беспилотните летала над регионите Белгород, Брјанск и Курск. Сите три региони се наоѓаат долж руско-украинската граница.

Александар Богомаз, регионалниот гувернер на Брјанск, рече дека украинските сили истрелале касетна муниција врз неколку села, оштетувајќи неколку домови. Богомаз рече дека нема пријавени жртви.

Руската војска соопшти дека, исто така, спречила група украински војници кои користеле брз брод и џет скии за да се обидат „да навлезат на територијата на Крим“.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот ги повика клучните западни сојузници за да ги увери во континуираната американска воена поддршка за борбата на Украина против Русија, откако тврдокорните десничарски конгресни републиканци во текот на викендот принудија да се исклучи итно ново финансирање за Киев.

Белата куќа соопшти дека Бајден разговарал со лидерите на Канада, Германија, Италија, Јапонија, Полска, Романија, Велика Британија и на Европската унија и НАТО, заедно со министерот за надворешни работи на Франција.