Обвинителството повеќе нема да соработува и комуницира со Антикорупциската комисија откако тие вчера презентираа сознанија и докази за криминал и непостапување на државни институции и поеднци при конфискацијата на имотот на фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан и сомнежи дека голем дел завршил кај „Пуцко Петрол“ чиј сопственик е син на пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски. Според Антикорупциска шетатат е во милиони евра а наместо да профитира државата профитирале Кочан и Јахоски
СКОПЈЕ - Обвинителството и се налути на Антикорупциската комисија која отвори иницијатива за случајот „Труст“ и соопшти дека открила огромни неправилности во постапувањето на надлежните институции поради кои . Од Обвинителството соопштија дека ги прекинуваат сите форми на комуникација и соработка со Антикорупционерите, тие пак го прашаа Обвинителството како знае дека иницијатиовата е беспредметна кога не ја погледнале.
Антикорупционерите вчера соопштија дека при конфискацијата на имотот на фирмата „Траснсмет“ на Сеад Кочан во случајот „Труст“ има многу пропусти и сомнителни постапки на надлежни органи, обвинители, државни институции и фирми со што државата е оштетна за над 12 милиони евра. Повеќето работеле во корист на Сеад Кочан и „Пуцко Петрол“ намоесто во корист на државата па затоа имао шема преку кој конфискацијата на имотот била речиси невозможна а голем дел од конфискуваното завршило во „Пуцко Петрол“ чиј сопственик е синот на пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ и било корисето за личен профит и богатење.Антикорупционерите побараа и да се преиспита работата на двајвата обвинители кои работеле на предметот кој го отвори тогашното СЈО.
Обвинителството денеска се огласи преку соопштение во кое вели дека иницијативата на Антикорупцика е целосно беспредметна и непотребна бидејќи веќе имаат отворено предмет во кој се испитува како се конфискувал имотот на „Трансмет“ кој го работи Обвинителството за гонење на организиран криминал. Според обвинителството, Антикорупционерите презентирајќи ги во јавност своите наоди нанеле штета на истрагата и затоа веќе нема да комуницираат и соработуваат со нив.
„Доколку крајната цел не е обид да се влијае на исходот од постапката што ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и свесно да се компромитира, неразбирливо и крајно неодговорно е Комисијата да поднесува иницијатива за кривично гонење во оваа фаза од постапката и врз основа на нецелосно проверени факти, кои не соодветствуваат на доказите обезбедени во предметот. Особено е неодговорно од една институција како ДКСК, врз вака нецелосно обработени и неточни факти, да излегува надвор од своите надлежности и да прикажува „шеми“ на наводно организирано дејствување, бидејќи тоа единствено е во надлежност на истражните и на судските органи во државата“, стои во соопштението на Обвинителството во кое појаснуваат дека работата на двајцата обвинители Артан Ајро и Гаврил Бубевски веќе била испитани и не било најдено ништо спорно.
Соработка на релација Обивнителство – Антикорупциска повеќе нема да има.
„ И покрај сите напори на Јавното обвинителство да остварува коректна соработка со ДКСК и да ја вклучи во активностите за борба против корупцијата, членовите на ова тело, наместо да ја насочат енергијата кон сопствените обврски, постојано се конфронтираат со другите институции, предизвикувајќи огромна штета на напорите за справување со корупцијата. Поради еднострано целосно непочитување на потпишаниот Меморандум за соработка, а особено прекршување на членовите 2, 3 и 6, Јавното обвинителство ги замрзнува сите активности предвидени и кои произлегуваат од тој меморандум“, велат од Обвинителството.
Антикорупционерите одговорија на прозивките на Обвинителството. За нив е нејасно како Обвинтелството знае дека инцијативата е беспредметна кога воопшто не ја доставиле и потенцираат дека на сите средби било најавено дека ќе ги испитуваат сомнежите за нерегуларности во случајот „Труст“ и паптот и вредноста на конфискуваниот имот на „Трансмет“ на Кочан кој завршил во „Пуцко Петрол“ на семејството Јахоски.
„Како ЈО ја оцени Иницијативата дека е беспредметна и неоснована и дека Комисијата при анализа на предметот немала пред себе бројни докази ниту увид во комплетната фактичка состојба, кога Иницијативата сеуште не е доставена, а ЈО сеуште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата на овој предмет.Меморандумот за соработка помеѓу институциите е само израз на добра волја за соработка, но надлежностите се јасно дефинирани во законите. ДКСК почитувајќи ги одредбите во Меморандумот за соработка на ДКСК со ЈО, на редовна средба го извести обвинителството дека има сериозни сомнежи во врска со предметот Труст и дека ќе покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење“, соопштија од Антикорупцика.
Антикорупционерите вчера официјално побараа преиспитување на работата на Агенцијата за управување со одземен имот, Државното правобранителство, судовите и обвинителствата.