Шест години затвор за Сеад Кочан, бизнисменот чија компанија „Трансмед“ со години важеше за блиска до моќниците од ВМРО-ДПМНЕ. Кочан, заедно со Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ беа обвинети во случајот на СЈО – „Труст“, дека преку конзорциум на три фирми незаконски добиле милионски тендер за ископ во РЕК Битола.
СЈО е задоволно од пресудата за Кочан кој останува на слобода до правосилност на пресудата.
„Евентуална мерка притвор за Сеад Кочан, таа не е задолжителна иако е казната над 5 години затвор. За него имаме веќе гаранција дека нема да бега и не може да се употреби построга мерка“, рече обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски.
Авировиќ, кој денеска не беше во судницата поради здравствени причини, доби 3-годишна казна затвор, а за третообвинетиот Ватиќ беше изречена ослободителна пресуда.
„За нас правдата е стигната и правдата стига“, рече брат на ослободениот Сафет Ватиќ, Мујо Ватиќ.
Компаниите „Трансмед“ на Кочан и „Силекс неметали“ во која управител беше Авировиќ, се казнувааат со по 2 милиони денари што треба да се платат во наредните 30 дена.
Истовремено, на овие две компании им се конфискува имот во иста вредност на тендерот што незаконски го добиле – околу 17 милиони евра.
„По однос на кофискацијата, можам само да му честитам на судот, ова е првпат вакво нешто да се случи“, додаде обвинителот од СЈО, Бубевски.
Facebook Forum