Првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг изјави во четвртокот во Осло дека „вратата на НАТО е отворена“ за Украина да се приклучи на Алијансата, а Русија нема „вето против проширувањето на НАТО“.
„Во текот на последните месеци, сојузниците и партнерите на НАТО обезбедија невидено ниво на поддршка за Украина, помагајќи им да ја вратат и ослободат украинската територија. Разговаравме и за аспирациите за членство на Украина, а сите наши сојузници се согласуваат дека вратата на НАТО е отворена за нови членки. Сите сојузници, исто така, се согласуваат дека Украина ќе стане членка на Алијансата, и сите сојузници се согласуваат дека сојузниците во НАТО и Украина треба да одлучат кога Украина - ќе стане членка. Москва нема право на вето против проширувањето на НАТО“, изјави Јенс Столтемберг, генерален сектетар на НАТО.
На прашањето за ракетните напади врз Киев, Столтенберг ги нарече нападите врз украинските цивили „воено злосторство“ и ги спореди со терористичките напади на 22 јули 2011 година во Норвешка, кога екстремно десничарски екстремист уби 77 луѓе.
Одделно, тој повтори дека Турција и сите други членки на НАТО ја поканиле Шведска да стане полноправна членка на и дека НАТО работи на тоа да се случи „што е можно порано“.