ЕУ во четврток ќе почне жестока дебата за предлозите за зголемување на трошоците за чиста технологија, во обид да ги надмине внатрешните поделби за да се соочи со растечката индустриска конкуренција од САД и Кина, објави Франс Прес.
Според Агенцијата, Брисел сака да ги заштити европските бизниси давајќи им приоритет на „зелените технологии“, вклучително и соларната и ветерната енергија.
Европската комисија, извршната власт на ЕУ, во четврток ќе ги објави нацрт-плановите за да ја исполни својата амбициозна цел да стане „климатски неутрална“ економија со нула емисии на стакленички гасови до 2050 година.
Предлогот требаше да биде јавно објавен во вторник, но ќор-сокакот во Комисијата се случи околу тоа дали да се вклучи и нуклеарната енергија.
Се очекува жестока дискусија.
Во четврток ќе биде претставена уште една значајна нацрт-регулатива која има за цел да обезбеди снабдување со критични суровини потребни за максимално искористување на електричните производи што потрошувачите ги користат денес, вклучувајќи паметни телефони и електрични возила.
Производството на зелена технологија доби поголема итност откако САД претставија програма за субвенционирање „купувај американско“ во висина од 370 милијарди долари за даночни кредити и субвенции за чиста енергија, позната како Закон за намалување на инфлацијата (ИРА) минатата година.
Европските бизниси предупредија дека раскошните субвенции на други места во светот, заедно со пониските трошоци за енергија, може да ги префрлат фирмите од Стариот континентот во Азија или Северна Америка, а претставниците на ЕУ се пожалија дека ИРА ја дискриминира европската индустрија.