Бајден ќе ја укине вонредната состојба на ковид-19 на 11 мај

На тој начин, формално ќе се промени федералното справување со коронавирусот, со цел да се третира вирусот како ендемска закана за јавното здравје

Претседателот на САД Џо Бајден го информираше Конгресот дека ќе стави крај на националните вонредни состојби за справување со ковид-19 на 11 мај, бидејќи поголемиот дел од светот се врати поблиску до нормалата речиси три години откако почна пандемијата.

Со ставањето крај на националните итни декларации за вонредни состојби и јавно здравје, формално ќе го реструктуира федералниот одговор на коронавирусот, со цел да се третира вирусот како ендемска закана за јавното здравје што може да се управува преку нормалните овластувања.

Републиканците во Претставничкиот дом, пак, се подготвуваат да започнат истраги за справувањето на федералната влада со ковид-19.

Поранешниот претседател Доналд Трамп најпрво ја прогласи пандемијата на ковид-19 за национална вонредна состојба на 13 март 2020 година.

Вонредните состојби беа постојано продолжувани од Бајден откако тој ја презеде функцијата во јануари 2021 година и треба да истечат во наредните месеци.

Белата куќа соопшти дека Бајден планира да ги продолжи накратко и да завршат на 11 мај.

Извор: АП