Македонскиот туризам допрва ќе ги чувствува последиците од војната во Украина

Your browser doesn’t support HTML5

Експерти: Војната во Украина не е само пречка за развој на туризмот туку е и причина за зголемивање на цените

Последиците од војната во Украина, туристичката индустрија во земјава и регионот ќе ги почуствуваат допрва, велат од секторот.

Според, Климент Наумов, претседател на здружението на туристички водичи „Кеј“ од Охрид има најави дека одреден дел на тур -оператори од Европа веќе ги зголемуваат цените за аранжманите кои што се насочени кон Балканот.

„Бидејки сметаат дека станува збор за еден несигурен регион. Војната во Украина е на две држави подалеку. Поминете ја Бугарија и Романија и веќе сте таму. И тие сметаат дека Балканот како еден голем регион, може да биде засегнат негативно од таа криза и ги пренасочуваат своите потенцијални клиенти на други страни“, истакна Климент Наумов, претседател на Здружение на туристички водичи „Кеј“.

Како пример ја посочува т.н. Балканска тура, која изминатите години беше доста атрактивна.

„Вклучувајки ги Хрватска, Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора, БиХ и повторно Хрватска назад е за 200 евра поскапа, отколку иста таква петнаесет дневна тура во Португалија и Шпанија. Треба нашите служби малку повеќе да се насочат кон промоција на нови пазари и рестартирање на оној пазарот од Далечниот Исток. До корона кризата во Охрид имаше многу кинески туристи, јапонски и малезиски туристи“, вели Климент Наумов, претседател на Здружение на туристички водичи „Кеј“.

Со слични прогнози и од експертката фела.

„Војната во Украина не е само пречка за развој на туризмот туку е и причина за подигнување на цената не некои производи, како што е нафтата, гасот. Тие посредно влијаат и на развојот на туризмот и на платежната моќ на луѓето на кои туризмот им е на трето место. Ако вие неможете основните потреби да ги задоволите, последно нешто на што би помислиле е да одите и да престојувате на друго место“, вели Цветко Андреески, професор на факултетот за туризам.

Иако годинава има зголемување на бројот на ноќевање и на странски туристи, тоа велат не треба да не залажува. Истражувањата на Факултетот за туризам покажале дека порастот на туризмот во земјава, е со послаб процент отколку во соседните држави.

„Дали причина за тоа е што тие имаат излез на море, но генерално се поорганизирани и имаат подобар капацитет да привлечат туристи и за краток период да го развијат туризмот. Ние, заостануваме во тој дел. Ако тие имаат проблеми, ние, ќе имаме поголеми проблеми“, предупредува Цветко Андреески, професор на факултетот за туризам.