Американската администрација очекува засилени напори на надлежните органи во справување со прашања како корупцијата, непотизмот, институционалната неефикасност...
Пораките на Вашингтон се дека мора да продолжат системските реформи со што ќе се одговори и на очекувањата на граѓаните и на критериумите неопходни за членство во ЕУ.
„Ние ве охрабруваме да продолжите со овие реформи дури и кога тие предизвикуваат одредени политички поделби зашто силна, демократска и инклузивна Северна Македонија е симбол на безбедност и просперитет во регионот“, изјави американската амбасадорка Кејт Брнз на денешното потпишување на амандман на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу САД и Северна Македонија.
Your browser doesn’t support HTML5
„Надоврзувајќи се на нашиот стратешки дијaлог од јуни ова дополнително финансирање отвора ново поглавје во нашите билатерални односи прецизирајќи ги идните области на соработка. Стратешкиот дијалог, првиот меѓу САД и Северна Македонија, го означи првиот чекор во обновениот и зајакнат однос меѓу два посветени партнера кои сега работат рамо до рамо во продлбаочувањето на соработката. Работиме заеднички за да ги идентификуваме областите за зајакнување на соработката. САД целосно го поддржуваат членството на Северна Македонија во ЕУ и нејзината интеграција во евроатлантските институции. Овој грант ќе помогне во зајакнувањето на обидите на земјата во обликување на иднината на целиот Западен Балкан и на Европа. Од независноста во 1991 година САД ја поддржуваат вашата цел да станете доброуправувана демократска земја која се темели на владеење на право и на еднакви можности за сите граѓани. Знаеме дека иднината носи предизвици – прашањата како недостаток на одговорност, транспарентност, непотизам и институционална дисфункција имаат потенцијал да ја одвлечат С Македонија од патот на напредок. Знаеме дека еден од најголемите предизвици е корупцијата која го поткопува доброто владеење и ја саботира економската конкурентност... Владините лидери мора да одговорат на овие предизвици, да продолжат со системските реформи кои ќе ги исполнат очекувањата на јавноста и ќе ги задоволат стандардите за членство во ЕУ. Ние ве охрабруваме да продолжите со овие реформи дури и кога тие предизвикуваат одредени политички поделби зашто силна, демократска и инклузивна Северна Македонија е симбол на безбедност и просперитет во регионот“, рече Брнз.