Линкови за пристапност

Брнз: Продолжете со реформите и борбата против корупцијата


Ќе продолжиме да стоиме со Северна Македонија додека се справувате со тешките реформи за да осигурате дека сите се еднакви пред законот и оти корупцијата нема да се толерира, порача американската амбасадорка во Скопје

„Јасно го гледате патот на земјата кон ЕУ и препознавате што заслужуваат граѓаните на Северна Македонија. Се надевам дека лидерите низ политичката структура ќе видат колку е критично да се променат системите и мрежите кои дозволуваат корупцијата да предизвика таква штета. Како што рече претседателот Бајден, корупцијата е рак, рак што ја јаде вербата на граѓаните во демократијата, го намалува инстинктот за иновација и креативност. Го троши талентот на цели генерации. Тоа ги плаши инвестициите и работните места. Постигнавме напредок, има уште многу работа да се направи и ќе продолжиме да стоиме со Северна Македонија додека се справувате со тешките реформи за да осигурате дека сите се еднакви пред законот и дека корупцијата нема да се толерира“, рече американската амбасадорката Кејт Брнз.

Импелментација на препораки за политиките и законодавството поврзани со антикорупцијата и конфликтот на интереси, засилени критериумите за избор врз основа на заслуги за назначените позиции, иницијатива за отворен град, над 400 збирки на податоци од институции и вклучување на граѓаните како партнери со општинските власти во процесите на одлучување, се само дел од активностите кои беа спреведени во рамките на овој проект.

Амнасадорката Брнз го истакна задоволството од вклучувањето на младите во прашањата од јавниот интерес.

„Го поздравувам вашиот неуморен активизам и ангажман во креирањето на сопственото место на масата и залагњето за вашите прашања и вашата визија за вашата земја. Системските предизвици со кои се соочуваме денес имаат најголемо влијание врз вас и вашата иднина, и ние сме горди што работиме со таква импресивна група која е жестоко посветена да ја направи Северна Македонија место каде што сакате да живеете, да работите, да напредувате и да стареете“, рече амбасадорката.

Таа им се заблагодари и на претставниците на граѓанското општество кои имаа клучна улога во зајакнувањето на социјалниот договор меѓу граѓаните и владата.

„Просперитетното граѓанско општество е во срцето на секоја функционална демократија. Вие сте олеснувачите, набљудувачите и партнерите кои создаваат меѓусебен дијалог, ги повикуваат луѓето и институциите на одговорност и преземаат активности за изградба на општество во служба на своите граѓани“, нагласи Брнз.

Брнз порача дека иако си заминува бидејќи ѝ истекува мандатот, ќе ја следи состојбата во Северна Македонија и повтори дека САД се и ќе бидат партнери на државата.

„Со нетрпение очекувам да го следам следното поглавје на Северна Македонија, дури и од далеку. Соединетите Американски Држави цврсто ќе застанат покрај Северна Македонија како сојузник и партнер во одбраната на демократскиот светски поредок“, кажа Брнз.

На свеченоста се обрати и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, која се заблагодари на континуираната и цврста поддршка на УСАИД.

XS
SM
MD
LG