Бајден негативен на коронавирус, излегува од изолација

Претседателот беше тестиран позитивен минатата недела

Претседателот на САД Џо Бајден излегува од изолација за ковид-19. Тој вчера вечер и денес бил тестиран негативен на вирусот.

Во информацијата од Белата куќа, што денес ја објави неговиот лекар Кевин О’Конор, пишува дека Бајден го завршил лекувањето со „Паксловид и немал температура“.

О’Конор вели дека со оглед на тие фактори и двата негативни теста, Бајден ќе ги прекине мерките за „строга изолација“.

Бајден беше тестиран позитивен на коронавирус минатата недела.

Извор: АП