САД го зголемуваат капацитетот за тестирање на мајмунски сипаници со испраќање тестови во пет комерцијални лаборатории.
Одделот за здравство и човечки услуги вчера соопшти дека напорот „драматично ќе го прошири капацитетот за тестирање на национално ниво и ќе го направи тестирањето поудобно и подостапно за пациентите и давателите на здравствени услуги“.
Здравствените услуги ќе можат да почнат да ги користат лабораториите за тестирање на мајмунски сипаници до почетокот на јули, соопштија оттаму.
Од вторникот, Центрите за контрола и превенција на болести соопштија дека имало 142 пријавени инфекции со мајмунски сипаници во САД од средината на мај.
Повеќе од 30 земји каде што мајмуните сипаници не се ендемични, пријавиле случаи.
Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс