Линкови за пристапност

СЗО: Мајмунските сипаници не би требало да станат пандемија, но има многу непознати


До денес, СЗО соопшти дека 23 земји кои претходно немале мајмунски сипаници, пријавиле повеќе од 250 случаи.
До денес, СЗО соопшти дека 23 земји кои претходно немале мајмунски сипаници, пријавиле повеќе од 250 случаи.

Главниот експерт за мајмунски сипаници на Светската здравствена организација рече дека не очекува стотиците случаи пријавени досега да се претворат во друга пандемија, но призна дека сè уште има многу непознати за болеста, вклучително и како точно се шири и дали прекинот на масовната имунизација против сипаници пред неколку децении можеби некако го забрзува неговиот пренос.

На јавна седница во понеделникот, д-р Розамунд Луис од СЗО рече дека е критично да се нагласи дека огромното мнозинство од случаите што се забележани во десетици земји на глобално ниво се кај хомосексуалци, бисексуалци или мажи кои имаат секс со мажи, така што научниците можат дополнително да го проучуваат проблемот и популациите во ризик за да преземат мерки на претпазливост.

До денес, СЗО соопшти дека 23 земји кои претходно немале мајмунски сипаници, пријавиле повеќе од 250 случаи. Луис рече дека не е познато дали мајмунските сипаници се пренесуваат преку сексуален однос или само близок контакт помеѓу луѓето кои се занимаваат со сексуална активност и ја опиша заканата за општата популација како „ниска“.

„Сè уште не е познато дали овој вирус користи нов начин на пренос, но она што е јасно е дека тој продолжува да го искористува својот добро познат начин на пренос, кој е близок, физички контакт“, рече Луис. Познато е дека мајмунските сипаници се шират кога има близок физички контакт со заразено лице или со неговата облека или постелнина.

Таа, исто така, предупреди дека меѓу сегашните случаи, има поголем процент на луѓе со помалку лезии кои се повеќе концентрирани во гениталниот регион и понекогаш речиси невозможно да се видат.

Минатата недела, виш советник на СЗО рече дека избувнувањето на вирусот во Европа, САД, Израел, Австралија и пошироко, најверојатно е поврзано со секс на две неодамнешни техно забави во Шпанија и Белгија.

Тоа означува значително отстапување од типичниот модел на ширење на болеста во централна и западна Африка, каде луѓето главно се заразени од животни како диви глодари и примати, а епидемиите не се прелеале преку границите.

XS
SM
MD
LG