Ескалацијата на борбите во Украина ја блокира доставата на медицинска помош, вели СЗО

Светската здравствена организација вели дека стравува од најлошото за здравствениот систем на Мариупол, бидејќи никој нема до градот

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека ескалацијата на борбите во Украина спречува итните медицински материјали, како и медицинските лица да стигнат до многумина луѓе на кои им е потребна помош.

Откако Русија ја нападна Украина пред речиси два месеци, СЗО вели дека испорачала околу 218 метрички тони итни медицински материјали. Приближно две третини стигнале до наменетите дестинации, главно на истокот и северот на земјата, каде што има најголема потреба.

Досега, СЗО вели дека верификувала 147 напади врз здравствени установи, амбулантни возила и медицински персонал, додека најмалку 73 лица биле убиени и 52 повредени.

Нападите како овие, велат оттаму, ги попречуваат напорите да се дојде до луѓе на кои им е потребна помош.

СЗО вели дека стравува од најлошото за здравствениот систем на Мариупол, бидејќи никој нема до градот.

Но, оттаму нагласуваат дека СЗО позиционира генератори и други залихи во близина, со што би можеле да се спасат животи во моментот кога тоа ќе стане возможно.