САД најавија нова воена помош од 100 милиони долари за Украина

Министрите за надворешни работи на НАТО се среќаваат во Брисел за да разговараат за дополнителни одговори на руската инвазија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара порешителна акција за воведување санкции против Русија, додека САД и Европската Унија подготвуваат повеќе казнени мерки.

Се очекува САД да објават нови санкции, при што портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека САД се координираат со Г-7 и Европската унија за мерките што натераат Русија „понатаму на патот на економска, финансиска и технолошка изолација. ” „Ова вклучува забрана за сите нови инвестиции во Русија и зголемени санкции за финансиските институции и државните претпријатија во Русија и санкции за руски владини претставници и членовите на нивните семејства“.

Tweet Blinken

Пред почетокот на дводневните разговори во НАТО во Брисел, САД најавија воена помош од 100 милиони долари за Украина. „Светот е шокиран и згрозен од злосторствата извршени од руските сили во Буча и низ Украина“, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека новиот пакет санкции на ЕУ ќе вклучува забрана за увоз на јаглен. „И мислам дека мерките за нафтата, па дури и за гасот, исто така ќе бидат потребни порано или подоцна“, рече тој.

Во обраќањето до Европскиот парламент, Мишел, исто така, ги повика руските војници „да го фрлат оружјето, да престанат да се борат, да го напуштат бојното поле“. Тој рече дека идејата за давање азил на руските војници кои дезертирале е „идеја, што треба да се поддржи“.

„Кога слушаме нова реторика за санкции, не можам да толерирам каква било неодлучност по сето она што го направија руските трупи“, рече Володимир Зеленски пред ирскиот Парламент во видео обраќање. Тој ги повтори критиките кон европските лидери за кои вели дека се повеќе загрижени за тоа како потенцијалните забрани за увоз на руска енергија ќе влијаат на нивните економии отколку на благосостојбата на украинскиот народ.