Повеќе од 660.000 бегалци ја напуштиле Украина, објавија ОН

Канцеларијата на ОН за човекови права објави дека загинале најмалку 136 цивили во Украина, вклучително и 16 деца

Обединетите нации и партнерските агенции денес побараа 1,7 милијарди долари помош во последиците од украинската криза.

„ООН проценуваат дека на 12 милиони луѓе во Украина ќе им треба помош и заштита, додека на повеќе од 4 милиони украински бегалци можеби ќе им треба заштита и помош во соседните земји во наредните месеци“, се вели во соопштението.

Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, рече „го разгледуваме она што може да стане најголемата бегалска криза во Европа во овој век. Ќе биде потребна многу повеќе поддршка за помош и заштита на новодојдените“.

Агенцијата за бегалци на ОН денес соопшти дека повеќе од 660.000 луѓе, повеќето жени и деца, избегале од Украина во соседните земји од четвртокот. Канцеларијата на ОН за човекови права објави дека загинале најмалку 136 цивили во Украина, вклучително и 16 деца.

Според високи претставници на одбраната на САД, смртните случаи се главно резултат на околу 400 документирани ракетни напади врз цивилни и воени цели.

„Вистинскиот биланс веројатно ќе биде многу поголем“, рече портпаролката Лиз Тросел за време на брифингот.

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол на францускиот претседател Емануел Макрон вчера дека решението може да се случи само ако се земат предвид „легитимните безбедносни интереси“ на Русија, вклучително и демилитаризацијата на Украина.