Нов Зеланд почна со вакцинација на децата од 5-годишна возраст до 11-годишна возраст со вакцината на Фајзер. Повеќе од 120.000 вакцини се доделени на 500 центри за вакцинација ширум земјата, објави министерството за здравство во оваа земја.
“Вакцинацијата е голем чекор за заштита на децата пред да се вратат на училиште“, изјави д-р Ентони Јордан, директор на програмата за вакцинација во нацијата во соопштение до медиуми - https://www.health.govt.nz/news-media/media-releases/covid-19-immunisation-starts-5-11-year-old-tamariki
Омикрон се уште не го стасал зенитот во САД, предупредија американските здравствени авторитети. „Вакцинацијата спречува ширење на вирусот на ранлив член од семејство со нарушено здравје, порача д-р Вивик Марти, за Си-Ен-Ен. „Следните недели ќе биде предизвик, иако има намалување на стапката на новозаразени во Њујорк и Њу Џерси“, рече тој.
Новиот период на само-изолација за лица со Ковид во Англија е намален од 10 на 5 дена. Новата мерка стапува во сила денес.
Извршниот директор на УНИЦЕФ, Хенриера Форе објави достава на 1,1 милион вакцини за Руанда, согласно програмата Ковакс.
Ковакс е меѓународна коалиција во рамки на ОН, која работи на достава на вакцини за сиромашни и земји со средни примања.
Истражувачкиот Центар на Џонс Хопкинс во Вашингтон објави дека на глобално ниво се регистрирани 328,1 милиони заразени од Ковид и 5,5 милиони починати.
Центарот објави дека над 9,7 милијарди дози од вакцините против Ковид веќе се доставени ширум светот.