Бајден повика на подобрување на односите меѓу Косово и Србија

Потпретседателот на САД учествуваше на церемонија за пуштање во употреба на пат именуван во чест на неговиот син Бо Бајден

Потпретседателот на САД Џо Бајден ја предупреди косовската влада за „ракот“ на корупцијата за време на неговата прва посета на Балканот од почетокот на 2009-та година.

„Денес сум тука да потврдам дека САД ќе продолжат со поддршката за народот на Косово за патот кон просперитетот, мирот и мултиетничката демократија“ кажа тој пред новинарите.

Но тој предупреди од опасноста од корупцијата – како што тој ја нарече „рак кој ја јаде структурата на секое општество каде што постои“

„На кратко, го изложува на опасност сето она што Косово се надева да го постигне, надежите за иднината“ продолжи Бајден.

Членовите на опозицијата минатата година на неколкупати пуштија солзавец за време на седниците во парламентот, во знак на протест за контроверзните договори со Србија и Црна Гора.

„Транспаренси интернешнал“ со седиште во Берлин го рангира Косово на 103-та место, од 168-те рангирани на нивниот „Индекс за перцепција на корупцијата“ од 2015-та година.

По средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи во Приштина, Бајден замина на југот на земјата и предаде во употреба сообраќајна делница именувана во чест на неговиот син Бо Бајден кој почина од рак на мозокот минатата година. Бо работел како правен советник во Косово во доцните 90-те години и неговиот тако кажа дека тој „растел да ги сака луѓето.“

Американскиот потпретседател за време на посетата на Србија изрази сочувство до семејствата на жртвите во Балканските војни, вклучувајќи ги и оние кои загинале во воздушните напади на НАТО во Србија во 1999-та година.

Неговата последна посета на Косово во 2009-та следеше по донесувањето на декларацијата за независност на земјата од соседна Србија. Србија не ја признава независноста на Косово, но прифати неколку договори под посредство на Европската унија со цел да се регулираат односите помеѓу двете земји.