Линкови за пристапност

Бајден во посета на Балканот


Американскиот потпретседател ги поттикна Србија и Косово да ги подобрат меѓусебните односи.

Потпретседателот Џо Бајден денеска во Приштина со иста порака како и во Белград - ги повика лидерите на Косово да работат на нормализација на односите со Србија.

По разговорите со косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафа, Бајден изрази надеж дека во блиска иднина, демократско и мулти-етничко Косово ќе стане дел од Европската Унија.

Бајден и неговата сопруга потоа присуствуваа и на церемонија на именување на улица во Приштина со името на нивниот починат син Бо Бајден.

Американскиот потпретседател за време на посетата на Србија изрази сочувство до семејствата на жртвите во Балканските војни, вклучувајќи ги и оние кои загинале во воздушните напади на НАТО во Србија во 1999-та година.

Целта на посетата на Бајден е поттикнување на обете земји да ги подобрат меѓусебните односи.

„Изминативе три децении на Хрватска и другите ваши соседи, Косово, Црна Гора, гледав како на составен дел од она што сметам дека е потребно за Европа да биде цела, слободна и обединета за прв пат. Србија е темелот за сето ова. Ако на Србија и оди добро на економски и политички план, тогаш тоа ќе биде случај за целиот регион“, истакна Бајден по средбите со српските лидери во Белград.

XS
SM
MD
LG