Линкови за пристапност

Јужна Кореја изрази подготвеност за воена помош на Украина


Сеул за првпат изразува подготвеност да ѝ обезбеди оружје на Украина.
Сеул за првпат изразува подготвеност да ѝ обезбеди оружје на Украина.

СЕУЛ, ЈУЖНА КОРЕЈА - Јужна Кореја би можела да ја прошири својата поддршка за Украина и покрај хуманитарната и економската помош, ако државата се најде под голем цивилен напад, рече претседателот Јун Сук Јеол, кој за првпат излага со поразличен став во однос на вооружувањето на Украина.

Во интервју за Ројтерс на една недела пред неговата официјална посета на САД, Јун рече дека неговата влада бара начини како да помогне во одбраната и обновата на Украина, исто како што Јужна Кореја доби меѓународна помош за време на Корејската војна меѓу 1950 и 1953 година.

„Доколку постои ситуација што меѓународната заедница не може да ја одобри, како што е било кој голем напад врз цивили, масакр или сериозно кршење на законите на војната, може да нѝ биде тешко да инсистираме само на хуманитарна или финансиска поддршка“, рече Јун.

Ова е првпат Сеул да предложи подготвеност да ѝ обезбеди оружје на Украина.

Како клучен сојузник на САД и главен производител на артилериска муниција, Јужна Кореја досега избегнуваше спротиставувања на Русија поради нејзините компании кои работат таму и влијанието на Москва врз Северна Кореја, и покрај зголемениот притисок од западните земји за снабдување со оружје.

Јун наредната недела треба да оствари средба со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон, на самит по повод 70-годишнина од сојузот меѓу Јужна Кореја и САД.

На самитот, Јун рече дека ќе бара „опипливи резултати“ од напорите на сојузниците да ги подобрат одговорите на заканите кои се развиваат од Северна Кореја, која претходната недела ги засили воените тестови и ја лансираше својата прва интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG