Основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг и неговата сопруга Присила Чан ја претставија својата ќерка пред светот во вторникот заедно со 45-милијарди долари вредна иницијатива за подобрување на животите на децата од нејзина генерации и генерации што доаѓаат.
Презентирано како „Писмо до Макс“, која беше родена минатата недела, Зукерберг и Чан велат рекоа дека ќе донираат 99 проценти од нивните фејсбук акции додека се живи. Фокусот на почеток ќе биде на „индивидуализирано учење, лекување на болести, поврзување на луѓето и градење на силни заедници.“
„Ние веруваме дека сите животи имаат вредност и тоа вклучува многу повеќе луѓе од генерацијата што живее денес“ велат тие. „Нашето општество има обврска да инвестира во подобрување на животите на сите кои доаѓаат на овој свет, не само за оние кои се веќе дел од него.“
Брачната двојка ќе посвети време на распределување на фондовите. Фејсбук вели дека со влог на Американската комисија за хартии од вредност и девизен курс, Зукенберг планира да продаде или донира не повеќе од една милијарда долари вредни акции секоја година во следните три години.
„Нашата надеж за вашата генерација се фокусира на две идеи: Подобрување на човечкиот потенцијал и промовирање на еднаквост“, напишаа Зукенберг и Чан во писмото.