Американскиот претседател Барак Обама апелираше за смиреност, додека протестанти се собираа како реакција на ослободувачката пресуда на поротата од Флорида за доброволниот патролирач на населба, обвинет за убиство на невооружен црн тинејџер.
Во писмена изјава Обама смртта на Трејвон Мартин ја нарече трагедија, за неговото семејство и за Америка. Но, во поттикнување на тивка рефлексија, тој во неделата кажа дека „ние сме нација на закони, и поротата се изјасни“.
Во меѓувреме, ослободувањето на Џорџ Зимерман од порота составена од шест жени доминираше во неделата на вестите на телевизијата и на Интернет, предизвикувајќи протести во заедниците и покренувајќи ја националната дебата за расата и борба против криминалот во Америка.
Протести имаше во Њујорк, Лос Анџелес, Бостон, Сан Франциско и други метрополи. Демонстрантите биле воглавно мирни, но повикувале за правда по она што го видоа како расно базирана пресуда. Некои протести продолжија до рано во понеделникот со демонстрации кои блокираа голем автопат во Лос Анџелес половина час.
Седумнаесетгодишниот Мартин, Африкански Американец, беше убиен минатата година во борба со вооружен набљудувач на соседството Зимерман, кој е од хиспанско потекло. Смртта остави многу Американци со мислата дека Мартин бил цел затоа што бил црн и се шетал низ оградена населба во која живееле главно белци.