Линкови за пристапност

Убиецот на тинејџерот од Флорида ослободен со кауција


Џорџ Зимерман излезе од затворот во Флорида околу полноќ во неделата

Џорџ Зимерман излезе од затворот во Флорида околу полноќ во неделата, гледајќи само пред себе на минување покрај група сниматели на пат до автомобилот што го чекаше. Неговата дестинација додека чека на судењето остана тајна, но ќе носи електронска направа со која ќе се следи неговото движење.

Судијата на Зимерман во петокот му одреди кауција во износ од 150.000 долари, и кажа дека мора да се придржува на полициски час, и не смее да има огнено оружје.

Дваесетиосумгодишниот Зимерман е обвинет за убиство од втор степен за инцидентот од 26 февруари. Тој призна дека го убил Мартин, но кажа дека тинејџерот го нападнал и дека пукал во самоодбрана.

Обвинителите велат дека Зимерман, бел Хиспанец, расно го профилирал Мартин, афро-Американец, како потенцијален криминалец и го конфронтирал тинејџерот. Мартин бил невооружен и се враќал од продавница.

XS
SM
MD
LG