Линкови за пристапност

Завршни аргументи во судењето на Зимерман


Џорџ Зимерман е осомничен за убиство на црн тинејџер во Флорида минатата година.

Одбраната на Џорџ Зимерман, во Флорида се очекува да ги изнесе завршните аргументи во петок, додека порота составена само од жени работи на утврдување дали тој е виновен за убиство на црн тинејџер минатата година.

Кога одбраната ќе се повлече, обвинителите ќе имаат уште една шанса за побивање на тие тврдења, а потоа поротниците ќе започнат со расправа за нивната одлука.

Зимерман, кој е од хиспанско потекло, кажа дека не е виновен за убиство од втор степен.

Поротата од шест жени ќе реши дали ќе биде ослободен или осуден, или за убиство од втор степен или за убиство без умисла. Осуда за убиство може да води до доживотна казна, додека за убиство без умисла може да донесе во Флорида максимум од 30 години затвор.
XS
SM
MD
LG