Линкови за пристапност

Вирусот Зика може да ги зголеми нелегалните абортуси


Зика е здравствена катастрофа и застрашувачка закана за бремената жена, луѓето ќе бараат абортус, велат стручњаците

Лекарите, експертите за јавно здравје и организациите за женски права се загрижени дека претпоставката за врска помеѓу вирусот Зика и микроцефалијата, што е деформитет на фетусот кој резултира со мала глава и оштетен мозок, ќе предизвика жените на американскиот континент да прибегнат кон нелегални абортуси.

Некои држави во Јужна Америка се одлучија да ги советуваат жените да ја одложат бременоста, наместо да ги направат абортусите подостапни. Сиромашните жени во овие земји имаат ограничен пристап на планирање на семејство и многу од нив не можат да си дозволат да купат средство против инсекти, што може да им помогне да ги избегнат убодите од комарци кои го шират овој вирус.

Вирусот главно го погоди Бразил, што е претежно католичка земја. Непрофесионалните абортуси во тајни клиники веќе се една од поголемите причини за смрт на жените во Бразил.

Даниел Бекер, педијатар и експерт за јавно здравје во Рио де Женеиро за Ројтерс изјави: „Зика е здравствена катастрофа и застрашувачка закана за бремената жена. Луѓето ќе бараат абортус.“

Светската здравствена организација одржа итен состанок за да донесе одлука дали заканата наречена Зика треба да биде идентигикувана како глобална здравствена криза.

Постои силна претпоставка за поврзаноста на вирусот Зика и микроцефалијата, но нема сигурни докази. Причината за деформитетот се истражува. Во Бразил, зачестеноста од нормално реткиот дефект при раѓање, е за десет пати повисок од нормалата.

Вакцина за вирусот Зика нема.

„Вистинскиот проблем е што за вакцина ќе треба бремени жени да бидат тестирани, а тоа практичен и етички кошмар“ за весникот Гардиан изјави Мајк Тарнер, шеф на инфективно и имуно-биолошкиот оддел.

Светската здравствена организација, Американскиот центар за контрола на болести и Панамериканската здравствена организација, предупредуваат дека вирусот Зика се шири брзо низ Америка и може да афектира четири милиони луѓе.

Доктор Петар Хотез, за весникот Егзаминер изјави дека епидемијата Зика во Бразил претставува „многу поголема закана за САД од еболата“. Епидемијата на Зика „никогаш не се претпоставило дека може да го достигне ова ниво“ вели Хотез и покрај распространетоста во Африка, Азија и островите на Пацификот.

Зика е вирусно заболување кое се шири од човек на човек преку убод на комарец.

Два вида на комарци е познато дека се носители на вирусот, комарецот – жолта треска и комарецот – азиски тигар. Двата вида се наоѓаат во поголемиот дел од американскиот континент. Комарецот – жолта треска можно е да се најде по должината на Мексиканскиот залив на САД, додека комарецот – азиски тигар го има и на север, во Њујорк.

Здравствените власти во неколку азиски земји препорачуваат патниците, особено бремените жени, да избегнуваат патувања во Централна и Јужна Америка.

Во САД, Центрите за контрола и превенција на болести исто така предупредуваат бремените жени да не патуваат во области со епидемија на вирусот Зика.

Соочувајќи се со епидемијата Зика, претседателите на САД и Бразил се согласија за „важноста од заеднички напори“ за да се спречи ширењето.

Барак Обама и Дилма Русеф го препознаа значењето на заедничката работа „за продлабочување на знаењето, унапредување на истражувањето и забрзана работа за развој на подобри вакцини и други технологии за контрола на вирусот“ соопшти Белата куќа.

Во меѓувреме, Бразил се обрати до „Окситек“, британска компанија за помош. Според весникот Њујорк Тајмс, Бразил неодамна одобри ослободување на повеќе групи на генетички модифицирани комарци, создадени од „Окситек“, низ целата земја.

Идејата за испуштање на комарците е за модифицираните машки комарци да се парат со женките комарци. Нивните потомци кои го наследиле модифицираниот ген ќе умрат, предизвикувајќи популацијата на комарци да се намали и со тоа да се намали заканата од заболувањето.

Од СЗО велат дека вирусот нагло се зголемил и се претворил во закана со „аларманти пропорции“. Џулиус Лутвана, виролог од Институтот за вирусни истражувања на Уганда, за Гласот на Америка изјави дека вирусот Зика долго време се сметаше за мал ризик за човештвото.

Исто така, од СЗО велат дека луѓето заразени со вирусст Зика имаат блага треска, осип на кожата и коњуктивитис со симптоми кои траат помеѓу два и седум дена.

Најдобра заштита против вирусот Зика, велат експертите, е заштита против убоди од комарци.

Почетокот на епидемијата во Бразил, која го објави својот прв случај во 2015-та година било проследено со обемно прскање со инсектициди за искоренување на комарците.

Регионалната канцеларија на СЗО во Америка, вели дека најефективен начин за да се запре вирусот од ширење е да се уништуваат местата каде комарците се размножуваат, луѓето да се заштитат со средства против комарци, мрежи и облека што покрива голем дел од кожата.

XS
SM
MD
LG