Линкови за пристапност

Тексас објави прв случај на вирусот Зика во САД пренесен преку сексуален контакт


Меѓународниот Црвен крст бара итно финасирање од 2,3 милиони долари за борба против овој вирус во Латинска Америка

Надлежните органи од Далас соопштија дека пациентот бил инфициран со вирусот откако имал сексуален контакт со заболено лице кое се вратило од земја во која вирусот е присутен. Според најнови информации, се работи за Венецуела.

Американскиот Центар за контрола на болести, го потврди пријавениот случај во Тексас. Во електронска порака до Гласот на Америка, Центарот наведе дека преку лабораториски испитувања е потврден првиот случај на вирусот Зика на лице кое не патувало во континенталниот дел на САД.

Претседателката на Бразил, Дилма Русеф, пред законодавците истакна дека нејзината влада нема да штеди пари во борбата со комарците, за кои експертите велат дека се носители на вирус и претставуваат огромна закана за бремените жени. Таа воедно нагласи дека за време на средбата со претседателот Барак Обама го препознале значењето на соработката меѓу двете земји за продлабочување на знаењето, унапредување на истражувањето и забрзана акција за изработка на вакцини за контрола на вирусот Зика.

Меѓународниот Црвен крст бара итно финасирање од 2,3 милиони долари за борба против овој вирус во Латинска Америка.

XS
SM
MD
LG