Во студија во Журналот за медицина Њу Ингланд, се наведуваат нови докази за се` посилната врска меѓу вирусот Зика и зголемениот број на случаи на пречки во развојот кај новороденчињата.
Студијата на група словенечки научници беше пропратена од уреднички коментар на група американски експерти, кои ги поддржале наодите на европските научници.
Студијата се фокусира на бремена жена заразена со вирусот Зика, која го абортирала плодот, откако на снимката биле видливи знаци на сериозни аномалии кај уште нероденото бебе.
Бразил е во центарот на епидемијата на овој вирус, со зголемување на бројот на случаи на микроцефалија или недоволно развиен мозок кај новороденчињата, којшто се совпаѓа со се` повеќето случаи на заразени со Зика.
Заради најновите случувања, здравствените работници на бремените жени или оние кои планираат да останат бремени, им советуваат да избегнуваат да патуваат во Бразил, којшто се подготвува да биде домаќин на овогодишните Летни олимписки игри.
Американски експерти, кои во средата сведочеа пред конгресни комисии, рекоа дека напорите за сузбивање на вирусот Зика мора да се фокусираат во контролата на комарците кои се верува дека се негови носители.