Линкови за пристапност

Зијадин Села: Mора да воспоставиме правен систем пред кој сите ќе бидат рамноправни


Интервју со Села за Гласот на Америка за изборите на 15-ти јули
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:36 0:00

Интервју со Села за Гласот на Америка за изборите на 15-ти јули

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во интервју за Гласот на Америка вели дека идејата за премиер Албанец е само игра на ДУИ и ништо повеќе од тоа.Тоа ќе има значење само кога во собранието ќе имаме мнозинство Албанци, вели Села.

Глас на Америка: За што коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе се залага на овие парламентарни избори?

Зијадин Села: „Тоа е нацртано во нашата програма. Тоа е „Држава за сите“. Од правен аспект, ние мора да воспоставиме правна држава и правен систем, пред кој сите ќе бидат рамноправни, без разлика дали се обични граѓани или министри, поранешни министри, сегашни или поранешни носители на јавни функции. Знаеме која е најголемата рана на нашето општество, а тоа е дека се уште и ден денес, судските одлуки се носат по етничка и политичка линија. Сакаме целосна рамноправност и да не се гледа, на една етничка заедница, која е приближно една третина од цела држава, како на едно малцинство. Од друга страна не можеме да ја дозволиме оваа длабока разлика во рамномерниот економски развој. Новост е тоа што во првите сто дена кога ќе станеме дел од власта, ќе се обратиме со барање до ЕУ и главните членки на ЕУ, кои не следат во делот на правото, за да во Македонија, дојдат експерти, судии и правобранитепи од Франција, Германија и Холандија, за да се отворат сите затворени предмети, а каде има висок политички криминал и корупција и со тоа да се отворат прашањата и на монтираните политички процеси. Ние ќе го бараме истото што ЕУ, го дава како помош во источните земји,како на пример Украина, а тоа е мониторинг во судот за организиран криминал и корупција. Постојан мониторинг од судии обвинители, за да неможе одлуките да се носат политички и во иднина“.

Глас на Америка: Имате ли некои посилни услови, со кои ќе го условите евентуалниот ваш влез во идната Влада? Имавте ставови во контекст за федерализација на Македонија, останувате ли се уште на таквите ставови?

Зијадин Села: „Денес Македоиија е членка на НАТО. Мислам дека тие што денес ги промовираат тие идеи се Заев и Мицковски и Али Ахмети, преку оваа идеја за премиер Албанец. Еден од нашите услови ќе биде едно право, кое веќе е стекнато, а тоа е правичната застапеност. Треба да има закон за правична застапеност. Не треба да дозволиме политичари како Заев или Мицковски, да ја тера една етничка заедница, преку декларација, само да се пишува дека се чувствува дека е Албанец,Турчин или Ром, за да им го фатат работното место на овие етнички заедници. На тоа ќе се стави крај со законот. Овие теми реков ги отвара Заев и многу е контрадикторен преку „Општество за сите“ и заедно со Мицковски, кога најавуват дека ќе ги исклучат од системот Албанците. Едно прашање до нив, кога си земаш за право да исклучиш некого од системот, преку формирање на Влада, само меѓу нив, дали тие имаат право да го бојкотираат тој систем. И преку бојкот на тој систем, дали имаат право да направат паралелен систем, кој може да води до федерализација.Мислам дека решението кое е зацртано во нашата програма не е федерализација.Ние се залагаме за би национална држава, бидејки тоа е реалноста во Македонија, а од друга страна,македонските политички партии се залагаат за една национална држава, во една мултиетничка реалност“.

Глас на Америка: Како го оценувате ставот на ДУИ,за премиер Албанец, со кој се погласно настапуваат во кампањата на овие избори?

Зијадин Села: „Јас ваков настап на ДУИ и Али Ахмети сум најавувал и на претседателските избори. Тоа се факултативни Албанци и ништо повеќе,односно сезонски Албанци. Уште тогаш најавив дека ќе бидеме сведоци, кога ќе дојдат парламентарни избори, тие ќе станат големи патриоти и националисти, а не се. Оваа нивна идеја излезе во моментот, кога веќе преку анкетите на валидни меѓународни институции, Али Ахмети е подолу од мене како лидер со подршка од Албанците. Тоа е само една игра. Премиер Албанец има значење, само кога во собранието ќе имаме мнозинство Албанци. Премиерот е резултат и последица на минимум 61 пратеник и мислам дека секој премиер без разлика што може да зборува албански, кога му стои мнозинство македонско, тој не е Албанец, тој има само име албанско и ништо повеќе. Немојте да заборавите, дека кога албанците гласаат и ти даваат подршка и легитимитет тие го имаат избрано нивниот албански премиер. Али Ахмети веќе 18 години од албанците е избран за албански премиер, но никогаш не ги бранел нивните интереси.Во 18 години буџет и уште толку ребаланси на буџети, албанците биле експлатирани со тој буџет“.

Глас на Америка: Ваш став околу тоа, како земјава се справува со пандемијата со корона вирусот и што како Алијанса на Албанците правите за поголема излезност на овие избори?

Зијадин Села: „Јас сакам да ги уверам граѓаните, дека не постои опасност, ако носат маски и ако чуваат дистанца од метар и половина. Нема никаков ризик за да се заразат од оваа болест. Ние сме дале неколку предлози, за време на пандемијата.Ние не ја искористивме како мала држава,да го ставиме под контрола овој вирус, а тоа сме можеле да го направиме.Н ие сме имале можност со само десет милиони евра, да знаеме точно во секоја куќа,имајки во предвид дека Македонија нема повеќе од 500000 домаќинства, да имаме точна слика, каде има зараза, а каде нема. И немавме потреба да ги затвориме и ставиме во карантин сите граѓани и да ги затвориме бизнисите. Ќе се ставаа две недели во карантин,само оние семејства каде ќе излезеа позитивни резултати. Тоа не се направи. Ние имаме план како да излеземе од оваа ситуација и мислам дека после 15 јули успешно ќе се справиме со оваа пандемија“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG