Десетгодишниот Одех Ахмад Џахалин стои храбро додека членовите на семејството и пријателите тагуваат за смртта на неговата помлада сестра Рукаја.
„Порано си играв со неа, а сега ми недостига. Ја изгубив надежта“, вели Ахмад.
Неговата 4-годишна сестра беше случајно застрелана од израелските сили на 7-ми јануари додека се возела со нејзината мајка на задното седиште на заедничко такси кое го преминувало контролниот пункт во близина на селото Беит Икса.
Израелската гранична полиција соопшти дека автомобилот кој возел зад девојчето и нејзината мајка не застанале за да бидат прегледани, поради што израелските безбедносни сили пукале во автомобилот, ненамерно погодувајќи во такси возилото во кое се возела девојката.
„Не знаеме зошто се случи ова. Бевме изненадени од пукањето во автомобилите, а Рукаја беше жртва поради тоа. Како се чувствувам сега? Ми недостига ќерка ми. Таа беше мојата омилена ќерка и моето најмало женско дете“, вели Ахмад Џахалин, татко на убиеното девојче.
Осумдесет и пет деца се убиени на Западниот Брег во изминатите 13 недели, главно од седми октомвриЏонатан Крикс, УНИЦЕФ Палестина
Израелските власти соопштија дека инцидентот е под истрага.
Гласот на Америка разговараше со Џонатан Крикс, шеф за комуникации во УНИЦЕФ на државата Палестина, за ситуацијата со децата на Западниот Брег.
„Осумдесет и пет деца се убиени на Западниот Брег во изминатите 13 недели, главно од седми октомври. Тоа е двојно повеќе од 2022 година“, вели Крикс.
Животот во страв стана дел од секојдневието на децата како Одех, брат на убиеното девојче, кој понекогаш ги меша извештаите за борбите во Газа со она што се случува на Западниот Брег.
„Ако играм надвор, ќе умрам, затоа што сега бомбардираат училишта, универзитети и болници“, вели Одех.
„Уништувањето, војните и убиствата се причината поради која многу деца се лишени од детството. Најблизок пример е мојата ќерка, децата од Газа, децата на Џенин и децата на палестинскиот народ. Сите тие се изложени на пукање. Не се само децата, туку и мажите, младите и жените“, додава таткото Џахалин.
Информации на кои секојдневно се изложени децата...
“Тие знаат сè. Постојано ни велат: 'Како можеме да учиме секој ден и како да живееме нормално?' Гледаме други деца во Газа. Тие умираат секој ден на ужасни начини. Тоа е многу тешко за нив“, вели Суџут Хамид, палестинска учителка.
„Затоа ги повикуваме сите страни да се воздржат и да направат се што е можно за да го намалат ова насилство поврзано со конфликтот“, апелира Крикс од УНИЦЕФ.
Насилство во кое децата се најранливи.
Facebook Forum