Линкови за пристапност

 
Живот без страв и со можност за избор: Што значи за една жена животот во слободно општество

Живот без страв и со можност за избор: Што значи за една жена животот во слободно општество


Преземена визуелизација од интернет страницата на The International Women's Day
Преземена визуелизација од интернет страницата на The International Women's Day

Во извештајот на Светскиот економски форум се вели дека ќе бидат потребни околу 130 години за светот да достигне целосна родова еднаквост, во која жените и мажите подеднакво придонесуваат во сите димензии на животот. Како тоа изгледа низ животот на две жени од Колорадо?

Живеење без страв и работа на она што го сакате - е како што Мирна Ајшоа, ирачка научничка и музичарка во слободно време, го опишува својот живот во Америка.

„Ситуацијата за жените во Ирак е значително поинаква отколку во Соединетите држави“, вели Ајшоа.

Ајшоа дошла во САД во 2015 година на 22-годишна возраст, по дипломирањето во Ирак. На Државниот универзитет во Колорадо во 2017 година завршила магистерски студии по клеточна и молекуларна биологија.

Таа на крајот нашла практикантска работа како специјалист за лабораториска инструментација, правејќи тестови за утврдување на перформансите и квалитетот на медицинските помагала и другите алатки.

По стажирањето почнала да работи како специјалист во оваа област.

Навистина ми се допадна технологијата и не видов многу жени да прават такво нешто
Мирна Ајшоа, научничка и музичарка од Ирак во САД

„Навистина ми се допадна технологијата и не видов многу жени да прават такво нешто“, додава Ајшоа.

Во САД таа исто така се пронашла себе си и во професионално свирење на тапани, настапувајќи на концерти и фестивали, нешто што според неа не би било возможно за неа дома.

„Замислете тапанарка како мене во Ирак. Веднаш би ме поврзале со одредени верувања“, посочува Ајшоа.

Осми Март е Меѓународен ден на жената, ден за одбележување на социјалните, економските, културните и политичките достигнувања на жените.

Портпаролката на ООН за жени, Палома Ескудеро, вели дека одбележувањето на денот не значи дека не треба повеќе да се направи за да се подобри животот на жените.

„Жените остануваат далеку од еднаквост во речиси секоја сфера, и можеме да видиме дека во многуте војни и кризи со кои се соочува светот, вклучително и СОВИД-19, жените се секогаш тие што се погодени први и најтешко“, вели Ескудеро.

Ајшоа волонтира со непрофитни организации кои им помагаат на жените и децата бегалци да се населат во Америка.

На еден од настаните, таа се запознала со Татјана Стратилат, готвачка која побегнала од родната Украина по руската инвазија. Ајшоа ѝ дала неколку совети за имиграцијата, а Стратилат ја споделила нејзината украинска кујна.

Животите на жените во Украина и Ирак се различни, но борбата на жените да успеат во нетрадиционални кариери е универзална, вели Стратилат.

„Во Украина, како и кај нас, нема многу женски готвачи; повеќето се мажи. Не беше лесно да се докаже спротивното“, посочува Стратилат.

Стратилат вели дека е охрабрена што жените од различни земји се поддржуваат и учат една од друга.

„По моето имиграциско патување во САД, конечно почнав да работам како готвачка. Водам часови по готвење за студенти од Државниот универзитет на Колорадо и локални ресторани, предавам украинска кујна во различни заедници и исто така работам како приватна готвачка и инструкторка. Ми причинува радост да ја споделувам мојата страст за готвењето со жени од различни земји, додава Стратилат.

Благодарение на развојот на иновативните технологии, избраното поле на Ајшоа расте и тоа ја прави среќна.

„Бев многу заинтересирана за воздухопловната технологија, и за среќа успеав да комуницирам со многу вселенски агенции како SpaceX и NASA за да им помогнам да ја изберат вистинската лабораториска инструментација за анализа на одредени хемикалии. Мојата сегашна работа е да ја анализирам радијацијата за сè што тие испраќаат во вселената или од вселената“, вели Ајшоа.

Извештајот на Светскиот економски форум од 2024 година вели дека ќе бидат потребни 134 години - приближно пет генерации - за да се постигне целосна родова еднаквост во четири клучни димензии: економско учество и можности, образовни достигнувања, здравје и опстанок и политичко зајакнување.

XS
SM
MD
LG