Линкови за пристапност

Уапсен водачот на брутален мексикански картел за дрога


Мигуел Ангел Тревино, познат по прекарот „З-40“ бил фатен во понеделникот од мексикански Маринци

Мексиканската влада вели дека водачот на озлогласениот картел за трговија со дрога во државата, Зетас, е уапсен.

Мигуел Ангел Тревино, познат по прекарот „З-40“ бил фатен во понеделникот од мексикански Маринци во близина на границата, кај Нуево Ларедо. Владин портпарол кажа дека тие исто така заплениле околу два милиони долари во готово и неколку пушки од камионот во кој се возел. Две лица биле со Тревино, кого властите ги идентификувале како негов телохранител и сметководител, исто така биле уапсени.

Четириесетгодишниот Тревино станал прв човек на Зетас минатата година, откако неговиот претходник Хериберто Лазкано, беше убиен во престрелка со Маринци. Тој е обвинет за неколку кривични дела, вклучувајќи киднапирање, убиство и тортура.

САД понудиле пет милиони долари награда за информација што ќе доведе до фаќање на Тревино.
XS
SM
MD
LG