Линкови за пристапност

Судски процес за нумера на „Лед Цепелин“


Судија од Лос Анџелес вели дека порота треба да одлучи дали дел од песната е плагијат.

„Скалила кон рајот“ на „Лед Цепелин“, е една од најпопуларните нумери во рокенролот, но сега судија од Лос Анџелес вели дека порота треба да одлучи дали дел од песната е плагијат. Според него, песната звучи слично на инструментална верзија на групата „Спирит“.

„Скалила кон рајот“ беше издадена во 1971-та година, но Мајкл Скидмор, ополномоштен да го застапува покојниот гитарист на „Спирит“, Ренди Волфи, вели дека заслуга за нумерата треба да има токму Волфи.

„Спирит“ и „Лед Цепелин“ беа на заедничка турнеја во 1960-та година.

Основачите на „Лед Цепелин“, Џими Пејџ и Роберт Плант, тврдат дека се текстописци на „Скалила кон рајот“, но Скидмор додаде дека тоа го сториле откако ја слушнале нумерата „Таурус“ од „Спирит“, додека траела турнејата.

Судскиот процес се очекува да започне на 10-ти мај.

XS
SM
MD
LG