Линкови за пристапност

Зеленски во Германија на конференција за повоена обнова на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски присуствува на состанок со највисоките воени претставници додека го посетува регионот Харков, 16 мај 2024 година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски присуствува на состанок со највисоките воени претставници додека го посетува регионот Харков, 16 мај 2024 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека пристигнал во Германија на конференција за повоеното закрепнување на Украина и оти ќе разговара и со канцеларот Олаф Шолц.

Зеленски, пишувајќи на апликацијата за пораки Телеграм, рече дека мерките во врска со енергетскиот сектор на Украина, уништен од руските воздушни напади, ќе бидат приоритет на конференцијата.

Неговите разговори со Шолц ќе се фокусираат на континуирана воена поддршка, вклучително и противвоздушна одбрана и заедничко производство на муниција, како и координација на позициите пред „самитот на мирот“ на кој домаќин ќе биде Швајцарија подоцна во текот на неделата.

XS
SM
MD
LG