Линкови за пристапност

Зеленски: Украинско државјанство за странските борци и дијаспората


Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави декрет со кој странците кои се борат во Украина против Русија може да добијат украинско државјанство. Законот беше објавен во понеделникот на годишнината од Денот на единството на Украина, во чест на обединувањето на западна и источна Украина во 1919 година, која се соочи со бројни инвазии низ својата долга историја.

Илјадници странци дојдоа во Украина да ја бранат земјата заедно со нејзините војници кога руските сили извршија инвазија во 2022 година.

Странски доброволци кои кренаа оружје за да ја одбранат Украина, сите оние кои се борат за слободата на Украина како да е нивна татковина.

Зеленски, исто така, најави дека новиот предложен закон формално ќе им овозможи на етничките Украинци и нивните потомци од целиот свет да добијат двојно државјанство, со исклучок на Русија.

„Оние кои со избувнувањето на војната од големи размери, без разлика на местото на живеење, раѓање или пасош, потврдно рекоа „Јас сум Украинец“, Украинци по потекло, кои одамна докажаа дека се Украинци по дух. И по многу години чекање, конечно треба да станат Украинци со пасош“, додаде тој.

Доколку овој декрет биде одобрен од украинскиот парламент, тој го заобиколува украинскиот устав, кој на украинските граѓани не им дава право на двојно државјанство. Милиони луѓе со украинско потекло кои живеат во странство досега не можеа да имаат украински пасоши.

Процесот би траел околу една година, додека украинските пратеници го одобрат, а Уставниот суд го одобри декретот.

Претседателскиот декрет, исто така, повикува на акционен план кој ќе помогне да се зачува идентитетот на приближно 4 милиони Украинци кои живеат во Русија, најголемата украинска група на дијаспора во светот. Декретот, рече Зеленски, ќе помогне да се врати вистината за историското минато заради иднината на Украина и да се спротивстави на руските дезинформации насочени кон бришење на етничкиот идентитет на Украинците кои живеат во Русија.

Денот на единството се слави како национален празник во Украина од 1999 година. Идејата за прославување на Денот на единството се појави речиси една деценија пред тоа, кога земјата сè уште беше дел од тогашниот Советски Сојуз. Стотици илјади Украинци се здружија на 21 јануари 1990 година за да формираат жив синџир што го поврзува Киев, главниот град, со неколку други блиски градови во знак на единство и патриотизам.

XS
SM
MD
LG