Линкови за пристапност

Зеленски побара да се формира специјален трибунал за руската агресија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорот пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг повика да се формира специјален суд кој ќе ја повика Русија да одговара за нејзината инвазија на Украина.

„Само едно руско злосторство доведе до сите овие злосторства: ова е злосторство на агресија, почеток на злото, основно злосторство. Треба да има одговорност за ова злосторство“, рече Зеленски.

Украинскиот лидер пристигна доцна во средата во Холандија, откако претходно во текот на денот беше во Финска за да учествува на самитот со лидерите на пет нордиски нации.

Меѓународниот кривичен суд во март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин по обвинение за воени злосторства што вклучува наводна депортација и трансфер на деца од Украина во Русија.

Дел од информациите во овој текст се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG