Линкови за пристапност

Зеленски: Контраофанзива во овој момент би чинела многу животи


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се уште не е време неговите сили да започнат долгоочекувана контраофанзива за враќање на територијата што ја држат руските трупи.

„Ни треба уште малку време“, рече Зеленски во интервју за британските медиуми објавени во четвртокот.

Подготовките вклучуваат обука на украинските сили од страна на западните партнери, како и пратки со муниција, тенкови и системи за противвоздушна одбрана за зајакнување на можностите на украинската страна.

„Со она што го имаме можеме да одиме напред и да бидеме успешни“, рече Зеленски.

„Но, би изгубиле многу луѓе. Мислам дека тоа е неприфатливо“.

Доцна во средата, ад. Боб Бауер, кој претседава со Воениот комитет на НАТО, им рече на новинарите дека Украина ќе може да се бори со подобро оружје, додека има помалку војници на располагање од Русија

„Русите ќе мора да се фокусираат на количината. Поголем број регрути и мобилизирани. Но, тие не се добро обучени и се постари. Ги има многу, но не се толку прецизни како новите сили“, вели Бауер.

Некои материјали во овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG