Линкови за пристапност

Зеленски го откажа брифингот со сенаторите на САД


Шумер рече дека Зеленски бил поканет да зборува преку видео на доверлив брифинг за да можат оние на состанокот „директно да слушнат од него што точно е во прашање“ и да им помогнат на законодавците да гласаат за нацрт-законот што вклучува милијарди долари нова помош за Украина
Шумер рече дека Зеленски бил поканет да зборува преку видео на доверлив брифинг за да можат оние на состанокот „директно да слушнат од него што точно е во прашање“ и да им помогнат на законодавците да гласаат за нацрт-законот што вклучува милијарди долари нова помош за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја откажа средбата со членовите на американскиот Сенат. Се очекуваше тој да побара континуирана воена поддршка во услови на тековната руска инвазија.

„Зеленски, патем, не можеше да стигне - нешто се случи во последен момент - на нашиот брифинг“, рече лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер на прес-конференција.

Шумер рече дека Зеленски бил поканет да зборува преку видео на доверлив брифинг за да можат оние на состанокот „директно да слушнат од него што точно е во прашање“ и да им помогнат на законодавците да гласаат за нацрт-законот што вклучува милијарди долари нова помош за Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет Шаланда Јанг вчера предупреди во писмо до конгресните лидери дека до крајот на годината, САД повеќе нема да имаат средства за испраќање оружје и помош за Украина.

„Нема да може да продолжи да се бори“, рече Јанг за Украина, истакнувајќи дека се намалуваат парите за поддршка на економијата на Украина.

„Ни снема пари, а речиси ни истече време“, им рече на новинарите советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан.

„Гласот против поддршката на Украина е глас за подобрување на стратешката позиција на (рускиот претседател Владимир) Путин“.

На бојното поле, полугодишната контраофанзива на Украина во голема мера заглави против вградените руски сили, со само ограничени територијални придобивки во источниот дел на земјата.

Во октомври, администрацијата на Бајден побара од Конгресот речиси 106 милијарди долари за финансирање на амбициозните планови за Украина, Израел и безбедноста на границите на САД.

Но, финансирањето на Украина стана политички контроверзно со некои десничарски законодавци во Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, кои се противат на понатамошната помош, тврдејќи дека помошта не е во интерес на САД.

Сепак, Јанг во писмото објавено од Белата куќа рече дека прекинот на финансирањето и протокот на оружје во Украина најверојатно ќе одат во корист на Русија на бојното поле.

„Сакам да бидам јасна: без акција на Конгресот, до крајот на годината ќе снемаме ресурси за да набавиме повеќе оружје и опрема за Украина, за да обезбедиме опрема од воените резерви на САД“, напиша таа.

Дел од информациите во текстот се од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG