Во Индонезија сексуалното насилство е табу тема.
Но, во пограничниот град Батам, случаите на сексуална трговија и сексуални напади се едни од најбројните во државата.
За 20-годишната Рија Фебријанти која работи за невладина организација која им помага на жените - жртви, ова е начин и самата да закрепние од инцидент на злоупотреба.
Денес, таа пронашла заедница за меѓусебна поддршка со други млади во Батам, кои смело зборуваат против сексуалното насилство и трговијата со луѓе.