Линкови за пристапност

Ајман ал-Завахри: од хирург до терорист


Ајман ал-Завахри: од хирург до терорист
Ајман ал-Завахри: од хирург до терорист

Кој е човекот кого Ал-Каида го назначи за нов водач?

60-годишниот Ајман ал-Завахри, новиот водач на терористичката мрежа Ал-Каида, е од семејство што можело да му обезбеди комотен живот, но тој избра да стане исламистички терорист.

Роден е во Каиро, во богато семејство на лекари и научници, а се инволвирал во радикалниот ислам како тинејџер. Како многу други образувани млади Египќани, тој бил вџашен од третманот на исламистите во 1960-те, во време кога Египет се движеше кон држава во советки стил, на чело со социјалистот Гамел Абдел Насер. Илјадници, за кои постоше сомневање дека вршат субверзија, завршија во затвор. Тоа чувство само зајакнало кога Израел го порази Египет во војната во 1967-та година.

Додека студирал медицина, помогнал да се формира милитантната група Египетски исламски џихад.

Завахри за прв пат заминал во Пакистан во 1980-та, соработувајќи со Црвениот Крст во Пешавар каде давал лекарска помош на Авганистанците повредени во борбата против советските сили. Подоцна заминува и за Авганистан.

Завахри е еден од стотината на кои им се судеше за вмешаност во атентатот врз египетскиот претседател Анвар Садат во 1981-та година. Беше ослободен од обвинението, но отслужи тригодишна казна затвор за незаконско поседување на оружје. По ослободувањето во 1984-та, Завахри се врати во Пешавар каде го поддржа авганистанското бунтовничко движење против Советите. Таму воспоставува врска со Бин Ладен и му станува личен лекар.

Во 1998-ма, Завахри станува заменик на Бин Ладен. САД го обвинуваат за помош во организирањето на бомбашките напади врз американските амбасади во Кенија и Танзанија истата година.

За Завахри се претпоставува дека имал една од водечките улоги во терористичките напади врз САД во 2001-ва. Неговата омраза кон САД стана и лична, кога во американски воздушен напад загина неговата сопруга и најмалку две негови деца во јужната провинција Кандахар во Авганистан во декември 2001-ва.

САД нудат награда од 25 милиони долари за информација што ќе доведе до негово апсење.

XS
SM
MD
LG