Линкови за пристапност

286 затвореници излегуваат на слобода ако Законот за амнестија помине во Собранието



СКОПЈЕ – 286 затвореници кои се осудени на казна затвор до 6 месеци ќе бидат пуштени и ќе бидат слободни граѓани ако Законот за амнестија помине во Собранието и е изгласан од пратениците. Покрај овие осуденици намалување на казните ќе добија уште 996 затвореници.


Законот за амнестија чиј предлагач е министерот за правда Кренар Лога, откако помина во Владата, ќе се најде пред пратениците за десетина дена, бидејќи наредната недела тој ќе биде на службено патување во Соединетите Американски Држави (САД). Лога најави дека самиот ќе го брани законот пред пратениците за кој потенцира дека е иститот Закон од 2018 година кој имал широка поддршка од политичките партии.

„Ќе дојдам во Собрание со подароци, по едно огледало и по еден албум со фотографии од затворот „Идризово“. Бидејќи секој од нас е потенцијален извршител на кривични дела. А ВМРО-ДПМНЕ самите во 2018 година предложија ист ваков Закон за амнестија кој беше прифатен и изгласан од сите политички партии. ВМРО-ДПМНЕ не можат сами себе да се амнестираат. Се повторува истиот закон од 2018 година и ова го нагласувам бидејќи има забуна во јавноста дека ова е нов закон. Додадени се делата кои нема да се амнестираат“, рече Лога.

Во моментов затворски казни издржуваат 2.114 осуденици од кои вкупно 1.282 би биле опфатени со амнестијата, но во моментов уште 2.813 осуденици кои веќе имаат упатни акти за издржување на казни чекаат да влезат во казнено поправна институција на издржување на казната. Доколку Законот за амнестија помине во Собранието дел од нив ќе биде ослободен од казната но за која бројка станува збор нема прецизна информација.

Доколку се изгласа Законот за амнестија, осудениците кои ќе бидат пуштени на слобода или пак ќе бидат целосно ослободени од издржување на казната, нема да подлежат на никаков вид ресоцијализација.

Во јавноста се шпекулира дека доколку поминат измените на Законот амнестирани ќебидат двајца осуденици од случајот „Монструм“ – масакрот кај Смиљковското езеро, како и Сеад Кочан.

Министерот Лога е дециден дека тој не одлучувакој ќе биде амнестиран,не е политички маркетинг или обид за нечиј спас.

Кренар Лога,министер за правда
Кренар Лога,министер за правда

„Законот не влегува во конкретни предмети. Законот е ист и така е предложен до Собранието. Кој ќе биде опфатен ќе калкулира Управата за извршување на санкции. Законот е ист од 2018 година. Повикувам да не се игра со имиња, со случаи и со предмети и со емоции. Од таму нема да излезат академски граѓани, се знае, оттаму изглеуваат затвореници кои се осудени. Само во ДПМНЕ може да се случи да влезе затвореник како криминалец а да излезе како академик и да се пречекува како јунак во седиштето на партијата“, одговори Лога на новинароско прашање.

Законот за амнестија нема да ги опфати избраните и именувани функционери и извршителите на семејно насилство.

За измените во Кривичниот законик со кои се налауваат казните а за кои реагираше целокупната јавноста во државата, министерот Лога ги упати медиумите кај неговата заменичка Мадиќ, која е потписник на измените.

„Најодговорно тврдам дека работната група има работено на драфт верзијата за нов Кривичен законик и не ги работела овие измени кои беа предложени од заменичката. Кој дел од тимот работел и ги предложил измените треба да ви каже заменичката Мадиќ“, рече Лога.

Како решение на пренатрупаност во македонските затворнајавена е изгрдаба на нов објект со капацитет од 900 осуденици кој би бил функционален во 2027 година а дотогаш проблемот би се решавал единствено преку Законот за амнестија.

XS
SM
MD
LG