Линкови за пристапност

Заштитен вековен обичај: Џоломарите со врева ја испратија старата година


Џоломари, древен обичај во кавадаречкото село Бегниште
Џоломари, древен обичај во кавадаречкото село Бегниште

Во 2020 година обичајот Џоломари македонската влада го прогласи за заштитено нематеријално културно наследство од особено значење. Учествуваат петнаесет до дваесет млади мажи, кои се облекуваат во своевидни древни страшилишта, со рачно ткаени качулки и долги волнени бради.

Со врева од ѕвонци и клопотарци дваесетина млади од кавадаречкото село Бегниште го продолжија вековниот обичај за бркање на старата година и сите негативности што таа ги донела и за отворање поле за успех, среќа и бериќет во новата година. Тоа е обичајот Џоломари што секоја година се одржува во кавадаречкото село Бегниште, како и во другите села во околината, за време на православниот верски празник Василица, или стара Нова година.

Џоломари - древен обичај што со векови не се менува
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:28 0:00

Учествуваат петнаесет до дваесет млади мажи, кои се облекуваат во своевидни древни страшилишта, со рачно ткаени качулки и долги волнени бради. Дел од облеката е стара и повеќе децении.

Џоломарите на себе закачуваат и тешки ѕвонци и клопотарци со кои создаваат врева низ целото село.

Според верувањата во обичајот, вревата и страшниот изглед треба да ги избркаат демоните и сите лоши мисли и настани од годината што изминува. Во групата има и маж преправен во старица, која ја симболизира старата година.

Џоломари, древен обичај во кавадаречкото село Бегниште
Џоломари, древен обичај во кавадаречкото село Бегниште

Двајца, пак, се преправаат во невести и ја симболизираат новата година, плодноста и напредкот.

Засега нема цврсти извори за потеклото на овој обичај. Сепак, според дел од истражувањата, се претпоставува дека овие форми на ритуално бркање на старото за да дојде нов годишен циклус имаат и свои повеќевековни корени. За обичајот Џоломари, кој во слични форми е застапен и во други села низ Тиквешијата, претпоставките се дека има петвековна историја.

Во 2020 година обичајот Џоломари македонската влада го прогласи за заштитено нематеријално културно наследство од особено значење.

XS
SM
MD
LG