Запален портрет на Путин, барање за воена помош: Протест во Скопје против руската инвазија врз Украина
Крајна дестинација на маршот беше руската амбасада во Скопје каде што беше запален и портрет од рускиот претседател Владимир Путин
Веќе две години децата со страв одат во училиште, родителите со страв ги испраќаат, се кријат во скривници. Русија уништува сè, трговски центри, болници, градинки, училишта, истакна Александар Урбанович, претседател на здружението „Лесја Украинка“
Русија е терористичка земја, беше главниот транспарент со кој украински и македонски граѓани излегоа на протестен марш денеска во Скопје, а по повод две години од руската инвазија врз Украина. Протестниот марш го организира здружението на Украинци, „Лесја Украинка“, а меѓу учесниците беше и украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир.
„Овие сирени што ги слушате зад мене се секојдневието што веќе две години го доживува украинскиот народ. Веќе две години децата со страв одат во училиште, родителите со страв ги испраќаат, се кријат во скривници. Русија уништува сè, трговски центри, болници, градинки, училишта“, истакна Александар Урбанович, претседател на здружението „Лесја Украинка“.
Крајна дестинација на маршот беше руската амбасада во Скопје, каде што учесниците ја пееја украинската химна, а беше запален и портрет од рускиот претседател Владимир Путин. Во упатените пораки, беше нагласено дека на Украина ѝ е потребна воена помош од светот, за да се спротивстави на руската агресија.
Овие сирени што ги слушате зад мене се секојдневието што веќе две години го доживува украинскиот народ
Александар Урбанович, Здружение „Лесја Украинка“
„На Украина сега ѝ е најнеопходна помош од муниција, оклопни возила, авиони. Можеме да собираме храна и слично, но без муниција, без оружје, таа војна може да трае многу долго. Побрзо да се справиме со Русија, да ги вратиме своите територии и да има мир во светот“, истакна Урбанович во изјава за Гласот на Америка.
Меѓу учесниците беше и инженерот Андреј Василченко. Тој истакна дека многу поранешни соработници од Русија, после инвазијата, престанале да комуницираат со него и со неговите украински колеги. Сепак, упати благодарност за отворените врати што македонското општество им ги овозможило на украинските граѓани.
Украинската амбасадорка Лариса Дир учествуваше на протестниот марш
„Ние сме многу благодарни до македонскиот народ што нашите деца и жени можат тука слободно да престојуваат“, ни изјави Василченко.
Како што додаде претседателот на здружението „Лесја Украинка“, за украинските бегалци во земјава веќе има законско олеснувања и можат слободно да се вработуваат, да добијат здравствено осигурување, како и да добијат регуларно користење на градинките и образовните институции за нивните деца.
Протест во Скопје против руската инвазија врз Украина
1/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина
Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото
Повеќе прикажаноShow less
2/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина
Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото
Повеќе прикажаноShow less
3/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина
Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото
Повеќе прикажаноShow less
4/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина
Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото
Повеќе прикажаноShow less
5/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина
Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото
Повеќе прикажаноShow less
6/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина
Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото
Повеќе прикажаноShow less
7/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина
Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото
Повеќе прикажаноShow less
8/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина
Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото
Повеќе прикажаноShow less
9/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина
Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото
Повеќе прикажаноShow less
10/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина
Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото
Повеќе прикажаноShow less
11/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина
Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото
Повеќе прикажаноShow less
12/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина
Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото
Повеќе прикажаноShow less
13/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина
Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото
Повеќе прикажаноShow less
14/14Протест на украински и македонски граѓани по повод две години руска инвазија врз Украина